Мицкоски од Охрид: Полукриминални групи на СДСМ и ДУИ вршат притисок врз пратениците од власта кои се за избори  

January 19, 2023
2 mins read

Последните денови пред Нова година, Мицкоски изјави дека како опозиција се охрабрени бидејќи има пратеници од владејачката што испраќаат јасни сигнали дека се подготвени во парламентот да поддржат негово распуштање и организирање на предвремени избори. Тој тогаш рече дека не може да соопшти повеќе детали поради можни притисоци врз овие луѓе. 

Полукриминални групи контролирани од СДСМ и ДУИ вршат притисок врз пратениците од власта кои сакаат да поддржат распуштање на Собранието и распишување на предвремени избори, обвини денеска од Охрид, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.  

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека нема рационален пратеник во Собранието које не сака предвремени избори/Фото: Архива

Дека има пратеници од власта кои сигнализираат дека се подготвени да поддржат предвремени избори, Мицкоски соопшти неколку дена пред Нова година, но не сакаше да каже повеќе детали за да ги заштити, како што рече, од притисоци. 

Тој, денеска одговорајќи на новинарски прашања по осветувањето на водите на Охридското езеро по повод празникот Богојавление рече дека нема рационален човек во македонскиот Парламент кој не сака избори.    

„Па, мислам дека не би имало човек во Парламентот, рационален човек кој што и сака добро на Македонија, а да не посакува избори. Но, оние полукриминални групи кој што, високото раководство на СДСМ и ДУИ ги контролираат и се дел од македонското подземје, веќе почнуваат да вршат притисок врз тие пратеници“,

изјави Мицкоски. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во тој контекст, изрази убедување дека и покрај притисоците, тие ќе останат доследни, бидејќи „борбата за Македонија нема цена“. 

Последните денови пред Нова година, Мицкоски изјави дека како опозиција се охрабрени бидејќи има пратеници од владејачката што испраќаат јасни сигнали дека се подготвени во парламентот да поддржат негово распуштање и организирање на предвремени избори. 

„Охрабрени сме дека има пратеници од коалицијата која е во владата на ДУИ поддржана од СДСМ што веќе праќаат јасни сигнали дека сакаат да се „стави крај на ова криминално и коруптивно владеење на оваа коалиција“ и дека се подготвени во парламентот да поддржат распуштање и организирање на предвремени парламентарни избори“,

изјави Мицкоски на 30 декември, минатата година.  

Во истата прилика тој ги наведе 14 и 21 мај како датуми на кои би се одржале предвремени парламентарни избори, затоа што, како што додаде, е јасно дека оваа владина коалиција „ваква каква што е“ не може да продолжи понатаму. 

Во врска со пратениците од владејачката коалиција за кои тврди дека се подготвени да поддржат распуштање на парламентот и распишување на избори, Мицкоски тогаш рече дека не може да соопшти повеќе детали поради можни притисоци врз овие луѓе. 

Јас од објективни причини не можам да зборувам за повеќе детали имајќи го предвид дека имаме комплетно дуизирано обвинителство и дуизирано и сдсмизирано судство кои заедно со органите за прогон ќе вршат притисок врз тие луѓе. Затоа, ве молам, за трпение, да почекаме да видиме дали до крај ќе го изодиме овој процес“,

изјави Мицкоски тогаш. 

Како краен период кога работите треба да станат појасни, околу прашањето за предвремени избори, тој го наведе крајот на овој месец и почетокот на февруари. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

34 романи во трка за наградата „Роман на годината“

Следно

ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ СЕ ДВИЖИТЕ, ДОАЃА ПОТОП ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР со предупредување за сите почнувајќи од вечерва!

Latest from Blog

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – се преставувала како вработена во МВР и ветувала вработување на неговиот син

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот

Пофалби и опомени од ОН: Македонија треба поцврсто да ги штити мигрантите и новинарите

Комитетот за човекови права при Обединетите нации го заврши разгледувањето на четвртиот периодичен извештај на Северна Македонија за спроведувањето на Меѓународната конвенција за граѓански и политички права. Експертите ја поздравија посветеноста на

Пожарот кај валандовско Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола. Според

Импресивна тајмлапс-снимка од полумесечината над џамијата Фатих во Истанбул

СКОПЈЕ (АА) – Полумесечината над Истанбул е снимена преку тајмлапс-снимка, создавајќи впечатлива глетка заедно со историската џамија Фатих во прв план, јавува Анадолу. Снимката ја прикажува месечината како се спушта зад куполите

Енис Барди се враќа во Шпанија?!

Енис Барди е слбоден играч, откако се раздели со Бодрумспор. Клубот не успеа да избори опстанок во Суперлигата на Турција. Разделбата со поранешниот играч на Ујпешт, Леванте и Трабзон го потврди клубот
Go toTop