Мицкоски: Додека Ковачевски трча по Бугарија, а Ахмети си потпевнува, на народот му се плаче- ќе дојде часот кога ќе одговарате!

1 min read

Додека Ковачевски се занимава со висока политика и саеми за “еднакви можности” и трча да и одоброволи на Бугарија, додека Ахмети си потпевнува песни во кабинетот, на народот му се плаче. Болен човек од Алцхајмер не може да стигне до своите 4000 денари што со закон му следуваат, затоа што не е одоброволена некаква комисија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-И за министерката за труд и социјална политика и за сите тие бирократи кои си поигруваат со народот, треба да знаете дека ќе дојде часот кога ќе одговарате!, пишува Мицкоски на Фејсбук.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Блинкен: Да се усвојат мерки за деескалација и да запре израелско-палестинското насилство

Следно

Краснов: Русија изврши повеќе од 9.000 нелегални мобилизации

Latest from Blog