Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија – Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

June 12, 2026
1 min read

„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем“ рече министерот Владо Мисајловски, денеска, (12 јуни) на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.

Мисајловски истакна дека изминатите две години на Академијата се реализирани значајни проекти кои се инвестиција во идните генерации офицери и дека во идниот период ќе се продолжи со инвестирање во современо образование, преку реновирање на објекти, изградба на Воен музеј и воспоставување на лабораторија за напредни информациски технологии.

„Повеќе од јасно е дека денес безбедноста не се брани само на терен. Таа се брани и во сајбер-просторот, во сферата на информациите, преку научните истражувања, технолошките иновации и меѓународната соработка. Токму затоа во финална фаза е акредитирањето на новата студиска програма за сајбер-безбедност и дигитална форензика, како и реакредитацијата на постојните студиски програми за командно-штабна академија, безбедност и одбрана, сајбер-безбедност и кризен менаџмент“, потенцира министерот. Тој додаде дека Воената Академија е препознаена и надвор од границите на државата, и дека знаењето создадено на Академијата е почитувано во рамките на НАТО и меѓународната академска заедница.

Деканот на Воената Академија, полковник Ненад Танески подвлече дека Воената академија, преставува единствена високообразовна научна институција, која во својата организациска и функционална поставеност зазема посебно место во националниот образовен и одбранбен систем. Тој посочи дека Академијата активно работи на унапредување на военото образование и на реализација на повеќе значајни развојни проекти, за кои има силната поддршката од министерството и министерот Мисајловски.

„Воената академија има света мисија — да создава кадар кој ќе ја чува безбедноста, суверенитетот и угледот на Македонија, но и достоинствено ќе ги брани нејзиниот јазик, идентитет и историска вистина. Наша обврска е да изградиме силни институции, образовани и чесни генерации и држава која ќе биде почитувана. А тоа започнува токму тука — со знаењето, дисциплината и патриотизмот што се вградуваат во секој питомец и студент на Воената академија “- порача Танески.

На денешната свеченост присуствуваше и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменикот министер Адмир Шабани, гости од воено дипломатскиот кор, од Армијата и Министерството за одбрана.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Продолжуваат инвестициите во училишта, градинки и спортски објекти

Следно

Поврзување на пазарите, усогласување на стандардите: Зелените коридори како столб на засилена интеграција во единствениот пазар на ЕУ

Latest from Blog

Божиновска: Со Турција градиме стабилно енергетско партнерство

Во Истанбул, во рамки на Бизнис форумот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари средба со министерот за трговија на Република Турција Омер Болат, на која беше потврдена заедничката

Николоски: Македонија и Турција ја зацврстуваат економската соработка

Александар Николоски истакна дека Македонија и Турција продолжуваат да градат силно партнерство засновано на заедничка визија за економски развој и продлабочена регионална соработка. Во Истанбул, во рамки на македонско-турскиот бизнис форум, Николоски

ФИФА има сериозен проблем? Илјадници празни седишта веќе на вториот натпревар од Светското првенство

Фото: FIFA X Светското првенство штотуку започна, а ФИФА веќе се соочува со проблем што сакаше да го избегне по секоја цена. По церемонијата на отворање и првиот натпревар од турнирот, вниманието

Благоданица за Никола Ѓурѓај од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија за неговата ангажираност

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, на престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му додели признание за придонес во Националниот совет за граѓанско општество. Би сакал да изразам благодарност
Go toTop