Поврзување на пазарите, усогласување на стандардите: Зелените коридори како столб на засилена интеграција во единствениот пазар на ЕУ

June 12, 2026
2 mins read

Трета конференција на високо ниво на генерални директори на царини на Западниот Балкан и државите-членки на ЕУ

Атина, 11 Јуни 2026

Третата конференција на високо ниво на генерални директори на царини на Западниот Балкан и државите-членки на ЕУ се одржа денес во Атина, обележувајќи значаен преод од политичко одобрување на Зелените коридори кон нивна широка, оперативна интеграција со единствениот пазар на ЕУ. Настанот беше заеднички организиран од Независниот орган за јавни приходи на Хеленската Република, Секретаријатот на ЦЕФТА преку Проектот SEED+, и Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница. На настанот, Зелените и Сините коридори, поддржани од SEED+, беа истакнати како конкретен чекор кон непречена трговија и поблиска економска интеграција меѓу Западниот Балкан и ЕУ.

 

Гувернерот на Независниот орган за јавни приходи (IAPR), г-дин Георгос Пицалис, изјави:

„Третата конференција на високо ниво на генерални директори на царини на Западниот Балкан и државите-членки на ЕУ ја потенцира стратешката важност на царинската соработка за регионалната стабилност, економската отпорност и европската перспектива на Западниот Балкан. Во денешното опкружување, царинските администрации не се само гранични органи тие се клучни институции за заштита на јавните приходи, олеснување на легитимната трговија, зајакнување на безбедноста на синџирите на снабдување и поддршка на конвергенцијата со и во рамките на Европската унија. За Грција и Независниот орган за јавни приходи, оваа соработка претставува и одговорност и стратешки приоритет. Преку иницијативи како Зелените коридори, размената на информации пред пристигнување, интероперабилните системи и усогласувањето со стандардите на ЕУ, градиме практична доверба и создаваме услови за поврзано и безбедно царинско опкружување. IAPR ќе продолжи да ја поддржува оваа заедничка работа преку дигитална модернизација, техничка соработка и активен регионален ангажман, придонесувајќи за поцврст, поотпорен и поинтегриран европски царински простор.”

Генералниот директор на Грчкото царинство и акцизи, г-дин Димитриос Бурикос, истакна:

„Третата конференција на високо ниво на генерални директори на царини на Западниот Балкан и државите-членки на ЕУ претставува значаен чекор во подигнувањето на свеста и зајакнувањето на царинската соработка меѓу учесничките администрации. За време на панел-дискусиите, ние, раководителите на царини, заедно со високи претставници на ЕУ, ЦЕФТА и Транспортната заедница, успешно ги оценивме постигнатиот напредок и достигнувањата, и ги утврдивме следните чекори во процесот на интегрирање на царинските администрации на Западниот Балкан во царинскиот екосистем на ЕУ. Во таа насока, се фокусиравме на промовирање на интероперабилноста на ИТ системите и усогласувањето на царинските стандарди и процедури. Потврдивме дека иницијативата Зелени коридори, во комбинација со редовната размена на информации на граничните премини, придонесува за поефективни царински контроли, а воедно обезбедува поглатки и побрзи трговски текови. Овие напори ја зајакнуваат царинската отпорност и го поддржуваат постепеното интегрирање на Западниот Балкан во Европската унија — перспектива која ги инспирира и царинските администрации и приватните засегнати страни.”

Д-р Пранвера Кастрати, директорка на Секретаријатот на ЦЕФТА, ја нагласи зрелата улога на регионалната дигитална инфраструктура:

„Преку техничката моќ на SEED+ и благодарение на посветеноста на царинските администрации ширум регионот, успешно ги трансформиравме Зелените коридори, од итен пандемиски инструмент во успешна, трајна рамка на коридори базирана на податоци, која го поврзува ЦЕФТА со единствениот пазар на ЕУ. Со забрзување на дигиталната трансформација, интероперабилноста и автоматизираната размена на податоци, градиме сигурен екосистем на доверба кој им помага на нашите усогласени економски оператори да напредуваат, додека истовремено постепено ги усогласуваме нашите царински администрации со строгите европски стандарди.”

Г-дин Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, со чие излагање заврши воведната сесија, додаде:

„Кога за прв пат се појавија Зелените коридори за време на Ковид-19, синџирите на снабдување беа под огромен притисок, границите станаа тесни грла, а неизвесноста ги засегаше сите. Сепак, она што се случи потоа беше навистина забележително. Царинските администрации тесно соработуваа, транспортните органи ги координираа напорите, информациите беа споделувани и постепено се градеше доверба. Денес, Зелените коридори претставуваат еден од најопипливите примери на практична регионална соработка во Југоисточна Европа.”

Конференцијата во Атина ја потврди заедничката определба на страните на ЦЕФТА, државите-членки на ЕУ, Европската комисија и регионалните партнери за зајакнување на царинската соработка како клучен елемент на процесот на проширување на ЕУ и постепената интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Учесниците ја истакнаа важноста на интероперабилноста, размената на податоци во реално време, координираното управување со ризици, партнерствата со доверливи трговци и поблиското усогласување со царинските стандарди на ЕУ со цел да се обезбедат безбедни, отпорни и предвидливи трговски текови. Конференцијата, исто така, потврди силна поддршка за понатамошна примена на Зелените и Сините коридори, поддржани преку SEED+, како практични инструменти за зајакнување на поврзаноста, намалување на бариерите и унапредување на оперативната соработка меѓу Западниот Балкан и ЕУ.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија – Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

Следно

Американски авиони веднаш полетаа кон Европа; Доаѓа ли крајот на војната САД-Иран?

Latest from Blog

Избран е најубавиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

Светската јавност немаше дилеми околу тоа кој е најубавиот гол на штотуку завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, а сега истиот доби и официјализација. Стрелецот на најубавиот гол на турнирот и

Поранешниот претседател на Хондурас се врати дома- клекна на пистата и се помоли (ВИДЕО)

Ернандез, кој отслужи два последователни мандати како претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, слета со приватен авион на Меѓународниот аеродром Палмерола, околу 60 километри северозападно од главниот град Тегусигалпа, објави

Виолета Томовска осум часа била затрупана под урантините од скопскиот земјотрес, копала со раце за да се спаси

Виолета Томовска едвај останала жива за време на скопскиот земјотрес во 1963. Фолк дивата осум часа била затрупана во урнатините заедно со својот братучед, познатиот музичар диригент и композитор Љупчо Мирковски. Мирковски

Италија има голем список, еден куп имиња се опција по фијаското со Пирло

ФОТО: FC Juventus/FB По неуспешното назначување на Андреа Пирло за селектор на Италија, новото раководство на федерацијата има голем број опции за испразнетото место, тврди популарниот новинар Николо Скира, иако до сега

Поранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања

Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по
Go toTop