Мирниот собир во Атина поради железничката несреќа прерасна во судир меѓу демонстраните и полицијата

March 5, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Мирниот собир во Атина поради железничката несреќа во која загинаа најмалку 57 луѓе, се претвори во насилен, јавува Анадолу.

Собирот што го свикаа трите синдикати што ги претставуваат вработените во грчката железница, на кој присуствуваа и од главниот синдикат ПАМЕ, политичката партија на поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис, MeRA25, како и други групи и левичарски партии, собраа илјадници луѓе на централниот плоштад Синтагма.

За време на мирниот дел од собирот насобраните извикуваа слогани и носеа транспаренти со кои се осудуваат властите и нивните економски политики за кои рекоа дека ја предизвикале трагичната несреќа.

Група, претежно млади лица, подоцна почна да фрла големи бекатон-плочки од тротоарите во близина, и Молотови коктели кон полицијата и на улиците.

Автобус и тешко градежно возило, како и многу контејнери за ѓубре, беа делумно или тешко оштетени од Молотовите коктели.

Кога полициските сили брзо реагираа со бибер-спреј, групата избега и се изгуби во тесните улици.

Во меѓувреме, премиерот Киријакос Мицотакис, преку Фејсбук, порача: „Како премиер, им должам на сите, но пред сè, на роднините на жртвите, големо извинување.“

„И лично, и во име на сите оние што владееле со земјата со години“, додаде тој.

Во вторникот вечерта, патнички воз се судри со товарен воз близу градот Темпи во северната провинција Лариса.

Според официјалните податоци загинати се 57 лица, меѓу кои многу студенти, како и деветмина железничари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Во Шанлиурфа се урна шесткатна зграда

Следно

Папата Франциск ги повика властите да ги спречат шверцерите со мигранти во Средоземното Море

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop