Мицотакис од Лариса: Можам да гарантирам само едно – ќе ја дознаеме причината за трагедијата

2 mins read

Во меѓувреме грчките медиуми објавија дека по распитот од полицијата уапсен е шефот на железничката станица во Лариса поради директниот судир на двата воза кои спортед извештатите 2-3 километри се движеле по иста пруга во спротивни правци пред да налетаат еден на друг во директен судир

Железничкиот транспорт во Грција, според британскиот весник, го оперира италијанската групација Феровие дело Стато Италиане (Ferrovie dello Stato Italiane), која управува со 342 патнички и комерцијални линии дневно во Грција

Главното прашање на кое сите бараат одговор по железничката несреќа во Грција во која животите ги загубија над 30 лица, а повеќе од 60 се повредени, е како воопшто можело да дојде до несреќа од таков размер во модерно време, пишуваат светските медиуми.

Спасувачки екипи ги извлекуваат телата на настраданите во железничката несреќа/Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Несреќата се случи кусо пред полноќ, кога дошло до директен судир меѓу товарен и патнички воз во близина на местото Темпи кај грчкиот град Лариса.

Многумина трагедијата ја опшуваат како најтешка железничка несреќа во живото сеќавање на Грција, а причините за неа, барем на почетокот се препишуваат на „човечка грешка“, пишува Гардијан, повикувајќи се на грчки официјални претставници и извештаи на локалните медиуми.

Се наведува дека двата воза се движеле по истата пруга 2-3 километри пред да налетаат еден на друг во директен судир.

Уапсен шефот на железничката станица во Лариса

Сообраќајната полиција на Лариса, која ги истражува причините за несреќата, според грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека раководителот на железничката станица во Лариса е приведен на распит.

Според полицијата тој најверојатно ќе биде ќе биде уапсен откако ќе му биде земена изјавата, бидејќи се смета за одговорен за движењето на возовите кои завршиле на иста пруга движејќи се во спротивни правци.

Грчкиот радиодифузен сервис објави дека тој е веќе уапсен, а на неговото аспење, како што претходно пренесоа медиумите се чекаше одлука на надлежното обвинителство.

Сателитска снимка од местото на железничката несреќа/Извор: Би-би-си

Јавниот обвинител, Стаматис Даскополопулос, кој има задача да ја надгледува истрагата, рече дека сведоците веќе почнале со давањето искази.

Министерот за заштита на граѓаните, Такис Теодорикакос, кој беше на пат за Лариса придружувајќи го премиерот Кирјакос Мицотакис, се очекува да стапи во контакт со шефовите на силите што ја истражуваат трагичната несреќа.

Мицотакис: Ќе дознаеме како се случила несреќата

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис од местото на трагедијата порача дека најитна должност не е само „да се лекуваат раните и да се идентификуваат телата“, туку да се дознае како се случила трагедијата.

„Можам да гарантирам само едно – ќе ја дознаеме причината за трагедијата и ќе направиме се што е во наши раце за вакво нешто никогаш повеќе да не се случи“,

им рече тој на новинарите, пренесува Гардијан.

Железничкиот транспорт во Грција, според британскиот весник, го оперира италијанската групација Феровие дело Стато Италиане (Ferrovie dello Stato Italiane), која управува со 342 патнички и комерцијални линии дневно во Грција.

Воздухот уште мириса на изгорено

Воздухот во околината мириса на изгорено од далеку и по повеќе од 12 часа од најсмртоносната железничка несреќа во Грција во последните децении, пренесува Би-би-си од местото на несреќата.

Спасувачките екипи се обидуваат да пронајдат траги на живот во остатоците од возот, но и нив почнува да ги обзема замор од неколку часовната непрекината работа.

Потрагата по заробените патници е насочена кон првите три вагони, но надежта е мала, наведува Би-би-си.

Огромни кранови ги подигаат остатоците од уништените вагони во несреќата/Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Новинарката Ели Кашоли за британскиот национален сервис известува дека 20-25 лица се водат како исчезнати, но дел од нив се претпоставува дека се патници кои го напуштиле местото на несреќата без да бидат евидентирани.

Репортерката исто така како многу тешка ја опишува ситуацијата во болниците каде се наоѓаат членовите на семејствата на загинатите кои треба да извршат идентификација телата на своите сакани од кои дел се тешко изгорени.

Во железничката несреќа кај Лариса животите ги загубија најмалку 36 лица, а повредени се 66 лица. Тие се хоспитализирани, од кои дел на оддел за интензивна нега.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Предложен куќен притвор за манијакот од Скопје

Следно

Николовски: Со замрзнатата цена на лебот ги штитиме граѓаните, не може некој да се богати, а друг да осиромашува

Latest from Blog