Мицкоски ја обвини Левица за коалицирање со СДСМ и ДУИ: Сите што се против владата да се обединат околу ВМРО-ДПМНЕ

1 min read

Мицкоски вели дека не треба да се подлегнува на евтин популизам на некои партии преку социјалните мрежи бидејќи во пракса се гласа за градење станбени блокови за дебели провизии и бизниси

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја обвини Левица дека прави неформална коалиција со владејачките партии СДСМ и ДУИ во локалните совети иако во јавноста се обидува се претстави како опозициска партија. Затоа, според него, секој што е против владата треба да се обедини околу ВМРО-ДПМНЕ.

„Така функционира таа политичка партија која во јавноста се обидува да се претстави себе си како опозициска, но таа е опозициска на ВМРО-ДПМНЕ. А таму каде во Советите треба да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ заедно со многу инсинуации и многу конструкции работи против волјата на народот односно против ВМРО-ДПМНЕ. Мојата порака е сите оние кои се против оваа влада на ДУИ, поддржана од малцинскиот партнер СДСМ, да се обединат околу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ве молам да не дозволиме да ни се повторат овие веќе шест години, да го сопреме ова уназадување на нашата татковина, а потоа да ја развиеме онака како што ѝ прилега. Затоа да не подлегнуваме на евтин популизам преку социјалните медиуми, а во суштина се гласаат станбени блокови за дебели провизии и дебели бизниси“,

рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Штип.

На прашање со што ги поткрепува ваквите тврдења, тој претходно посочи дека Левица со СДСМ и ДУИ во Советот на Град Скопје ги изгласале заедничките програми за работа ја градските претпријатија и институции.

Обвини и дека имало соработка во Карпош.

„Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден можевте да бидете сведоци на една непринципиелна коалиција, а тоа е коалицијата на Левица, ГРОМ и СДСМ каде во Општина Карпош заеднички си изгласаа ДУП каде ќе се градат десетици згради без да има услови за тоа да се направи, каде не се предвидени градинки, училишта итн. Тие што вчера пишуваа статуси против урбанизацијата, сега заедно со „принцовите на бетонот“ во Скопје ќе градат десетици урбани станбени блокови“,

рече Мицкоски.

Во изјава за медиумите, тој објави и дека сите се обидуваат да го нарушат единството во неговата партијата. Констатацијата тој ја даде во одговор на новинарско прашање како очекува да се рефлектира состојбата во ДУИ, која денеска заседава, врз работата на Владата.

„Оваа влада е коалиција на интереси, тендери и бизниси и ништо друго. Не би сакал да навлегувам во внатрешните работи на ниту една политичка партија, иако сите се обидуваат ова единство во ВМРО-ДПМНЕ преку одредени мешетарења и клинови да го нарушат. Мојата порака е дека не само што нема да успеат туку жестоко ќе бидат поразени. Ама ќе бидат поразени и внатре кај нив самите, а и од ВМРО-ДПМНЕ и народот на следните парламентарни избори“,

рече Мицкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Анчелоти потврди дека Бразил го сака за селектор

Следно

Октај за Анадолу: Туркије продолжува со напорите за меѓународно признавање на Турската Република Северен Кипар

Latest from Blog