Медведев: Секој обид за апсење на Путин би значел објава на војна против Русија

March 23, 2023
1 min read

„Да замислиме дека шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што би било тоа? Објавување војна против Русија. Во тој случај, сите наши средства – проектили и слично ќе одлетаа до Бундестагот, до канцеларијата на канцеларот“, вели сојузникот на Путин, Дмитриј Медведев

Поранешниот руски претседател и сојузник на актуелниот претседател Владимир Путин, Дмитриј Медведев, смета дека секој обид за апсење на рускиот претседател ќе значи објава на војна против Русија.

Изјавата на Медведев следува откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг минатата недела издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство и за незаконско депортирање на стотици деца од Украина.

Медведев за руските медиуми изјави дека Судот во Хаг, кого Русија, Кина и САД, не го признаваат, е „правен субјект“ кој никогаш не направил ништо значајно.

„Очигледно ова никогаш нема да се реализира, но сепак да замислиме – шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што би било тоа? Објавување војна против Русија“,

изјави поранешниот руски претседател и сојузник на Путин, Дмитриј Медведев.

„И во тој случај, сите наши средства – проектили и слично ќе одлетаа до Бундестагот, до канцеларијата на канцеларот“,

додава тој.

Односите со Западот, рече Медведев, веројатно се во најлоша состојба досега.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 17 март објави дека издал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Судот наведе дека Путин е осомничен за воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.

Официјална Москва изјави дека одлуките од Хаг немаат влијание врз Русија и дека секој нивен налог за апсење е ништовен зашто земјата не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон него.

Руските власти негираат какви било воени злосторства во Украина и велат дека Западот ги игнорирал, како што вели, украинските воени злосторства.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лајка организира маскенбал за миленици, ќе има и награди

Следно

Честитка од Џафери по повод првиот ден на светиот месец Рамазан

Latest from Blog

Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човештината меѓу луѓето

Прв работен ден за папата Лав Четиринаесетти. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа својата прва голема миса. Ја повика католичката црква да се спротистави на недостатокот на вера кај луѓето и предупреди

Мојаноски во Аргумент плус: Очекуваме дека новиот папа ќе продолжи да чекори по стапките на папата Франциск

Универзитетскиот професор Цане Мојаноски во Аргумент плус, рече дека со прифаќањето на името Лав IV, новиот избран папа на некој начин соопштува дека ќе ги афирмира и прифати принципити кои ги имаше

Ердоган со честитки до новиот папа Лав XIV, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните кризи

ИСТАНБУЛ (АА) – Во писмото во кое му го честита изборот на новиот папа Лав XIV, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните

Германците стануваат сè покритични кон Израел, покажа најновата анкета

БЕРЛИН (АА) – Германците имаат сè понегативен став за Израел, 60 години по воспоставувањето на билатералните дипломатски односи, покажа новото истражување објавено денес од Фондацијата „Бертелсман“, јавува Анадолу. Извештајот посочува на значителна
Go toTop