Лајка организира маскенбал за миленици, ќе има и награди

1 min read

ЈП Лајка организира маскенбал за миленици. 

-Биди кул сопственик, маскирај го своето куче и донеси го на дружба со кучињата од ЈП Лајка! Денот на шегата е толку забавен што нашиот тим одлучи да го продолжи и на 2ри Април, велат од Лајка. 

Започнувајќи од 12 часот на 02.04.2023 година во Градски Парк на Школка ќе имате можност да го донесете вашиот миленик маскиран во вашата најомилена маска со што би станал потенцијален добитник на вредна награда во една од трите категории:

1. Најдобра маска

2. Најдобра маска на сопственик и куче

3. Најсмешна маска

Дополнително ќе имате можност да се дружите со кучињата кои моментално престојуваат во прифатилиштето и можеби во некое од нив ќе го најдете својот најверен пријател а вие ќе бидете негов херој што ќе му го даде она што му е најпотребно – дом, информираат од Лајка. 

На настанот ќе ве забавуваат DJ Torta & DJ Tina. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Ден на граѓанска непослушност: Масовни антивладини протести низ Израел

Следно

Медведев: Секој обид за апсење на Путин би значел објава на војна против Русија

Latest from Blog