Меџити: Во срцето на Чаир ќе има Територијална противпожарна станица

September 18, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити, денеска го претстави еден од најважните проекти за јавната безбедност на граѓаните, изградбата на Територијалната противпожарна станица во срцето на оваа општина, стои во соопштението на Коалиција ВРЕДИ.

Во своето обраќање, Меџити истакна дека овој проект не е луксуз, туку животна потреба, со цел справување со сè почестите ризици од пожари, како во летниот, така и во зимскиот период.

„Брзата интервенција спасува животи. Оваа станица не е само инфраструктурен проект, туку директна инвестиција во животот и благосостојбата на нашите граѓани“, изјави Меџити.

Проектот опфаќа модерен објект со површина од 750 м², 3 противпожарни возила опремени за интервенции на секаков терен, како и 12 професионални пожарникари, обучени и подготвени да реагираат во секоја итна ситуација.

„Секогаш сме имале тивки херои, пожарникарите кои го ризикувале својот живот за да ги спасат другите,“ додаде Меџити.

Меџити упати и посебна благодарност до Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ од Чаир, кое со години претставува хуман столб на безбедноста, не само во Чаир, туку и пошироко.

Оваа станица ќе претставува уште еден камен во мозаикот на јавната безбедност во Чаир и ќе има директно влијание врз намалување на материјалната штета и спасување на човечки животи.

„Чаир заслужува модерна инфраструктура, ефикасни услуги и безбедност. Оваа станица значи повеќе спасени животи, помалку штети и поголема институционална одговорност.

Имаме искуство и капацитет да го реализираме овој проект и ќе го направиме тоа заедно со граѓаните, професионалците и нашите институционални партнери“, заклучи тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Песните на мајките оживуваат“ – заборавените македонски текстови повторно се слушаат

Следно

Полиестерот и неговите хемикалии може да влијаат на хормоните и плодноста

Latest from Blog

Коњановски: Тартан патека во градскиот парк за побогата спортска понуда во Битола

Денеска во Битола се одржа завршниот настан на Швајцарската програма за поддршка на изборите, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на кој присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски. Во своето обраќање

Програмата на владата „Рама 4“ усвоена без дебата поради тензичната ситуација во Парламентот

Поради тензичната ситуација, што ја создадоа опозициските пратеници, кои покрај другото фрлаа примероци од Уставот и деловникот на Парламентот кон Рама, во знак на незадоволство од министерката за вештачка интелигенција Диела, наместо

Уште еден удар за Алвеш: Го изгуби судски спор со клубот, ќе мора да му плати милиони

Судот за спортска арбитража (CAS) пресуди во корист на мексиканскиот тим Пумас УНАМ во нивниот правен спор со Дани Алвеш. На почетокот на 2023 година, бразилскиот дефанзивец беше отпуштен од Пумас поради

Зеленски потпиша закон за 100-годишно партнерство со Велика Британија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој се ратификува 100-годишниот договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Документот дефинира долгорочна рамка за соработка во областите на безбедноста, одбраната, економијата, науката, технологијата

Полиестерот и неговите хемикалии може да влијаат на хормоните и плодноста

Во светот на модата и облеката во 21. век, полиестерот е неизбежен – од спортска до секојдневна облека. Сепак, најчестиот синтетички материјал може да има сериозно влијание врз човековото хормонално здравје. Иако
Go toTop