Маричиќ: Нови 53 милиони евра за Северна Македонија од ЕУ за инвестиции во енергетиката и животна средина

February 1, 2023
1 min read

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од страна на Европската комисија на Северна Македонија и се одобрени уште три проекти, преку повикот за инвестициски грантови во вредност од 53,015,968 евра.

– Денеска добив одлична вест од Брисел која веднаш ја споделувам со вас, граѓаните. Европската комисија одобри 53.015.968 евра за Северна Македонија, за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и тоа: Реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион, во соработка со Европската банка за обнова и развој, објави вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ како Националниот ИПА координатор смета дека европските фондови и странската донаторска помош е од огромно значење на енергетската независност и за заштита на животната средина, две области кои носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.

– Ова е помош за државата да ги изведе реформите, но и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди преку подобрување на животната средина и подобрување на инфраструктурата, потенцира Маричиќ

До крајот на јули минатата година, Европската унија ги одобри првите четири инвестициски проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан. Нашата земја аплицирање со 4 инвестициски проекти и ја доби поддршката за сите проекти во износ од 225,6 милиони евра. Одобрените проекти на последниот повик за инвестициски грантови се за проектот изградба на железница помеѓу Северна Македонија-Бугарија на коридорот 8, секција Крива Паланка – граница со Бугарија доделен грант од Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), во износ од 149.2 милиони евра, за проектот за набавка на опрема за Осломеј 1 Фотоволтаична станица во износ од 1.6 милиони евра, за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола Фотоволтаична централа, во износ од 5 милиони евра и за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје, во висина од 69.8 милиони евра.

Во рамките на шестиот повик за инфраструктурни грантови беа одобрени грантови во износ од 1,1 милијарди евра за сите шест земји од Западен Балкан, а проектите од Северна Македонија учествуваат со 20,5% од одобрениот износ, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјите-членки на ЕУ ќе обучуваат дополнителни 15.000 украински војници

Следно

ФБИ во викендичката на Бајден во Далавер не пронајде доверливи документи

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop