Манчестер сити подготвен да го продаде Бернардо Силва

March 6, 2023
1 min read

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва, наскоро може да го смени тимот. Според британските медиуми, раководството на англискиот шампион сака да го продаде играчот. Граѓаните го ценат Португалецот на 65 милиони евра.

Претходно беше објавено дека Барселона е заинтересирана за услугите на Силва. Во зимскиот преоден рок каталонскиот тим веќе му се обрати на Сити со понуда од 70 милиони евра, но Британците ја одбија понудата.

Барселона се уште покажува интерес за Португалецот и може повторно да се обиде да го добие играчот од средниот ред на лето.

Актуелниот договор на Силва со Граѓаните е до летото 2025 година. Дваесет и осумгодишниот играч од средниот ред одигра 37 натпревари за Манчестер сити оваа сезона, постигна четири гола и пет асистенции.

Вредноста на играчот според порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 80 милиони евра. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

За еден ден над 120 сообраќајни санкции во Драчево

Следно

СЛИКИТЕ НА ПЕНУШЛИСКИ И ТАШКОВСКИ КОИ СЕ ПРОДАВАА ЗА 60-ТИНА ЕВРА ВО АВСТРАЛИЈА, ОД СКОПЈЕ ГИ КУПИЛ БРИТАНСКИ АДВОКАТ ПО ПАДОТ НА „ПАЛЕР“

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop