Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен од Клиниката во 13:40 часот, по што полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 38-годишната С.К. од Скопје.
Со таткото на малолетничката, исто така 38-годишен, бил извршен службен разговор, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Извор: zurnal.mk

