Македонија постојано се бори за човековите права на Македонците во Бугарија

July 24, 2026
1 min read

Прашањата во контекст на човековите права, а уште потесно во контекст на непочитта на човековите права на Македонците коишто живеат на територија на Бугарија, се прашања што ние ги активираме постојано и на кои сме многу ангажирани преку нашето работење во Советот на Европа, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, пренесува вечер.мк.

Прашањето за човековите права, вели тој, е многу значајно во делот на функционирањето на оваа институција, со чиј Комитет на министри земјава ќе почне да претседава од 2028 година.

Министерот Муцунски нагласи дека како државна институција е активна во сѐ што е поврзано со примената на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

 Ние сме прилично активна земја по повеќе предмети, но меѓу другото и предметите поврзани со ОМО Илинден-Пирин и со други невладини организации на територија на Бугарија.​ За жал, поради долгогодишна грешка од пред 15, 20, па и повеќе години, ние не сме странка во тие постапки, иако сме можеле да бидеме, но тоа било погрешна одлука донесена во тој период. Меѓутоа, како земја членка на таа организација, имаме право да даваме свој импут и свои гледишта и тоа активно го правиме во Комитетот на министри, каде што инсистираме на доследно спроведување и целосно имплементирање и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи тоа го сметаме како значајно цивилизациско достигнување во денешна Европа – рече Муцински во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.  ​

Тој појасни дека ние го преземаме претседавањето со Советот на Европа во 2028 година и оти периодот од една ипол година ќе биде искористен за подготовки.

 Ние веќе влегуваме во процес на подготовка за тоа претседавање. Презентираме наши приоритети, разговараме и со земјите коишто биле претседавачи пред нас или ќе бидат по нас, за колку што може повеќе да имаме и координирани приоритети во рамките на тоа претседавање. Така што тоа е еден процес за којшто ние од мултилатерална гледна точка и како институција, но и како држава, постојано се подготвуваме – рече Муцунски.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Известување од ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп: Водата за пиење во Општина Прилеп е здравствено исправна!

Следно

Хидроавион падна во море и се запали во Вашингтон (ВИДЕО)

Latest from Blog

Клоп: Ако ја преминете „линијата“ со моето семејство – веднаш ќе си одам!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп беше официјално претставен како нов селектор на германската фудбалска репрезентација, со која потпиша договор до 2030 година. На својата прва прес-конференција, тој веднаш постави јасни правила за

Известување од ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп: Водата за пиење во Општина Прилеп е здравствено исправна!

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги информира жителите на општина Прилеп, кои користат вода за пиење од Регионалниот водовод „Студенчица“ и градските извори дека водата е здравствено безбедна за пиење. Стручните служби

Министерството за финансии: Почна реконструкцијата на Поликлиниката „Идадија“ вредна над 31 милион денари

24 јули 2026 година, Скопје – Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со

Меџити стартуваше проект вреден над 28 милиони денари за Старата чаршија

Во Старата скопска чаршија започна реализацијата на проектот за обнова и модернизација на инфраструктурата, со инвестиција од над 28 милиони денари, соопшти градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Меџити информира дека бил
Go toTop