Министерството за финансии: Почна реконструкцијата на Поликлиниката „Идадија“ вредна над 31 милион денари

July 24, 2026
1 min read

24 јули 2026 година, Скопје – Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Договорот за грант помеѓу Здравствен Дом Скопје и Министерство за Финансии беше потпишан во декември 2025 година по што беше спроведена постапка за јавна набавка и во март оваа година беше потпишан договорот со избраниот изведувач во вредност од 31.028.850 денари, по што започна реализацијата на градежните работи.

Со реконструкцијата објектот ќе добие современи енергетски ефикасни решенија, подобри услови за работа на медицинскиот персонал и поквалитетни услови за престој на пациентите.

Поликлиниката „Идадија“, изградена во 1975 година, повеќе од четири децении функционираше со застарена инфраструктура – без соодветна термоизолација, со дотраена фасадна столарија, неефикасен систем за греење и застарено осветлување. Таквата состојба резултираше со висока потрошувачка на енергија и зголемени трошоци за функционирање и одржување на објектот.
Реконструкцијата се спроведува врз основа на претходно изработена енергетска контрола и основен проект која опфаќа поставување нова термоизолациска фасада и кровна изолација, целосна замена на фасадната столарија, модернизација на системот за централно греење, поставување енергетски ефикасно ЛЕД осветлување, како и реконструкција на електроинсталацијата.

Со реализацијата на проектот се очекува значително намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија, пониски оперативни трошоци за функционирање на установата, подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна, побезбедна и поефикасна здравствена средина за илјадниците граѓани кои секојдневно ги користат услугите на Поликлиниката „Идадија“.

Реконструкцијата на Поликлиниката „Идадија“ претставува уште една значајна инвестиција во модернизацијата на јавното здравство и е дел од пошироките
заложби за унапредување на јавната инфраструктура преку енергетски ефикасни и одржливи објекти, кои обезбедуваат поквалитетни услуги за граѓаните и поефикасно користење на јавните средства.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити стартуваше проект вреден над 28 милиони денари за Старата чаршија

Следно

Известување од ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп: Водата за пиење во Општина Прилеп е здравствено исправна!

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се

Министерство за енергетика: Гасоводот со Грција напредува, се подготвува поврзувањето со Србија

Изградбата на гасоводот со Грција напредува, паралелно се подготвува интерконекторот со Србија и се спроведуваат технички проверки за ставање во функција на домашните гасоводни делници, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во
Go toTop