Македонија постојано се бори за човековите права на Македонците во Бугарија

July 24, 2026
1 min read

Прашањата во контекст на човековите права, а уште потесно во контекст на непочитта на човековите права на Македонците коишто живеат на територија на Бугарија, се прашања што ние ги активираме постојано и на кои сме многу ангажирани преку нашето работење во Советот на Европа, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, пренесува вечер.мк.

Прашањето за човековите права, вели тој, е многу значајно во делот на функционирањето на оваа институција, со чиј Комитет на министри земјава ќе почне да претседава од 2028 година.

Министерот Муцунски нагласи дека како државна институција е активна во сѐ што е поврзано со примената на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

– Ние сме прилично активна земја по повеќе предмети, но меѓу другото и предметите поврзани со ОМО Илинден-Пирин и со други невладини организации на територија на Бугарија.​ За жал, поради долгогодишна грешка од пред 15, 20, па и повеќе години, ние не сме странка во тие постапки, иако сме можеле да бидеме, но тоа било погрешна одлука донесена во тој период. Меѓутоа, како земја членка на таа организација, имаме право да даваме свој импут и свои гледишта и тоа активно го правиме во Комитетот на министри, каде што инсистираме на доследно спроведување и целосно имплементирање и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи тоа го сметаме како значајно цивилизациско достигнување во денешна Европа – рече Муцински во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.  ​

Тој појасни дека ние го преземаме претседавањето со Советот на Европа во 2028 година и оти периодот од една ипол година ќе биде искористен за подготовки.

– Ние веќе влегуваме во процес на подготовка за тоа претседавање. Презентираме наши приоритети, разговараме и со земјите коишто биле претседавачи пред нас или ќе бидат по нас, за колку што може повеќе да имаме и координирани приоритети во рамките на тоа претседавање. Така што тоа е еден процес за којшто ние од мултилатерална гледна точка и како институција, но и како држава, постојано се подготвуваме – рече Муцунски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Известување од ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп: Водата за пиење во Општина Прилеп е здравствено исправна!

Следно

Хидроавион падна во море и се запали во Вашингтон (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја
Go toTop