Клоп: Ако ја преминете „линијата“ со моето семејство – веднаш ќе си одам!

July 24, 2026
1 min read
ФОТО: Јurgen Klopp/X

Јирген Клоп беше официјално претставен како нов селектор на германската фудбалска репрезентација, со која потпиша договор до 2030 година. На својата прва прес-конференција, тој веднаш постави јасни правила за соработка и рече дека нема да толерира преминување на границите на професионалните односи и мешање во приватниот живот, а водењето на репрезентацијата го опиша како врв на неговата кариера.

Иако неговиот договор е до 2030 година, 59-годишниот стручњак беше директен и рече дека е подготвен да ја напушти клупата во секое време доколку атмосферата и соработката станат неодржливи.

„Денот кога повеќе нема да ме сакате, само кажете го тоа и си одам. Без никаква отпремнина. Ако утре кажете дека сум ѓубре, си одам. Не само неколкумина од вас, ќе мора да има повеќе од вас. Ако ДФБ каже дека сум лош, си одам. Ако ја преминете линијата и не го оставите моето семејство на мира, си одам“, беше директната изјава на новиот селектор.

Клоп се осврна и на медиумскиот третман кон Јулијан Нагелсман во Германија и Томас Тухел во Англија:

„Ја прифатив оваа работа иако гледам што им правите на Нагелсман и Тухел“.

Тој нагласи дека не се срами од конструктивни критики поврзани со играта и резултатите, но инсистира дискусијата да се води исклучиво врз основа на спортски факти.

„Критикувајте ме кога нешто не функционира. Апсолутно сум подготвен да работам на тоа. Станува збор само за тоа што е на теренот. Јирген Клоп нема кариера по националниот тим. Идеално, ова е врвот на мојата кариера. Не сме толку добри како Франција и немаме играчи како нив, но сепак можеме да ги победиме“

Клоп ја објасни позицијата на германската репрезентација во моменталниот баланс на моќ во светот на следниов начин:

„Кога се прашуваме во Германија: дали сме добри како Франција? И одговорот е не, тоа не е вистина. Прашањето треба да биде: дали имаме играчи како: Дембеле, Мбапе…? Одговорот е не. Но, сепак можеме да ги победиме“.

Тој додаде: „Не е важно да се гледаат Франција, Шпанија, Аргентина. Најважно е да се погледнеме себеси и како играме фудбал. Во моментов не сме број еден во светот, тоа е вистина. Има 11 нации пред нас на ранг-листата, но мора да си дадеме можност да ги победиме, со начинот на кој играме фудбал“.

Новиот селектор ги повика медиумите да известуваат одговорно и нагласи дека новинарите имаат посебна улога во создавањето позитивна атмосфера околу репрезентацијата. Тој предупреди на проблемот на модерното новинарство во кое премногу брзо се објавуваат непроверени детали.

„Ако некому не му е гајле што се случува со германскиот фудбал, не можам да му помогнам. Имаме должност да ја исполниме. Дадов интервју тука и таму, но не можам да кажам дека го пропуштив. Бев изненаден од тоа колку многу излезе и колку брзо. На патот што треба да го поминеме, би било важно точноста да биде пред брзината“, заклучи Клоп.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хидроавион падна во море и се запали во Вашингтон (ВИДЕО)

Следно

Другар ме извлече од креветот, а секунди потоа падна ѕидот

Latest from Blog

Највисокиот исплатен К-15 е 469.190 денари, задолжителниот минимум е 19.567

Само 15 отсто од вработените земале регрес за годишен одмор заклучно со први јули. Просечниот нето-износ на исплатен регрес изнесува 28.562 денари. Оние работодавачи во приватниот сектор што сега исплатуваат регрес за

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во јули се намали на 2,3 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за инфлацијата се потврда дека економските политики што ги спроведува Владата даваат резултати и придонесуваат за стабилизирање на економските текови. Според податоците на

Лидс плати рекордна сума за голманот на Манчестер Сити

Лидс Јунајтед официјално го потпиша голманот Џејмс Трафорд од Манчестер Сити, поставувајќи нов клупски рекорд за трансфер. Договорот е вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот

Делови од три скопски општини денеска без струја, прекини до четири часа

Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на мрежата. Според најавениот распоред, прекините ќе траат од три до четири
Go toTop