Мајка и три деца се спасени под урнатините 28 часа по земјотресите во Туркије

February 7, 2023
1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Мајка и три деца се спасени под урнатините 28 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Туркије, известува Анадолу.

Новинарот на Анадолу информираше дека во местото Низип во турската област Газиантеп под урнатините на зграда здрави се извлечени мајката Доне Озкилич и нејзините деца Абдулкадир, Бејза и Елиф Озкилич.

Сите четири членови на семјеството Озкилич се повредени и префрлени се во болница.

Граѓаните продолжуваат да чекаат во близина на урнатите згради, за да бидат информирани за своите најблиски кои се водат за исчезнати.

Според најновите информации, досега во земјотресите што ги потресоа јужните делови на Туркије животот го загубија 3.381, додека бројката на повредени се зголеми на 20.426. Во исто време, во акциите на спасување досега се згрижени 338.000 лица во студенски домови и други објекти.

Во моментов на терен се ангажирани 24.443 спасувачи, медицински и друг персонал. Продолжува потрагата по преживеаните.

– Два разорни земјотреси вчера ја потресоа Туркије

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер вчера наутро во 4:17 часот со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер со епицентар во местото Елбистан ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентарите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш. И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Земјотресите се почуствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека на Туркије и се случила најголемата катастрофа по земјотресот во Ерзинџан 1939 година.

Туркије прогласи седмодневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нови „легнати полицајци“ низ општина Бутел

Следно

Скопски општини ќе донираат финансиски средства за настраданите во Турција и Сирија

Latest from Blog

Марјан Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Поранешниот пратеник Марјан Ѓорчев во Отворено рече дека изјавата дека македонискиот јазик е цементиран не е точна. Според него за да македонскиот стане официјален јазик во ЕУ треба да биде објавен во

Претседателот Ердоган се сретна со американскиот претседател Трамп

ХАГ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу. Претседателите Ердоган и Трамп се сретнаа по ручекот што го приредија холандскиот крал Вилем-Александар

Прекин на огнот меѓу Иран и Израел – до кога ќе трае?

Иранскиот Врховен совет за национална безбедност соопшти дека е донесена „национална одлука за прекин на огнот“ против, како што го нарекуваат, „ционистичкиот непријател и неговите поддржувачи“. Во соопштението се наведува дека иранските

Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Поранешниот пратеник Марјан Ѓорчев во Отворено рече дека изјавата дека македонискиот јазик е цементиран не е точна. Според него за да македонскиот стане официјален јазик во ЕУ треба да биде објавен во

Муцунски во интервју за ТВ21: Бугарија навлезе во руски наратив кој има цел дестабилизација на регионот

НАТО постои веќе повеќе од 75 години и никогаш порано немало сомнение дека сојузниците можат да сметаат едни на други. Сè до сега. Американскиот претседател Доналд Трамп отворено шпекулира дека земјите-членки на
Go toTop