Нови „легнати полицајци“ низ општина Бутел

1 min read

Општина Бутел вчера започна со поставување на сообраќајната опрема за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

На барање на жителите кои сами ги посочија локациите се поставуваат препреки за намалување на брзината на возилата или т.н. „легнати полицајци“ на повеќе локации и улици низ сите населени места.

– Поставувањето на нови т.н. „легнати полицајци“ е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, информира градоначалникот Дарко Костовски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

ПОЧИНА КОМПОЗИТОРОТ И ПРВЕНЕЦ НА „ТАНЕЦ“ МИЛАН ЗАВКОВ

Следно

Мајка и три деца се спасени под урнатините 28 часа по земјотресите во Туркије

Latest from Blog