Ливерпул со нов пораз, Јунајтед победи против Кристал Палас

February 4, 2023
1 min read

Ливерпул не запира со бламажите, па денеска „црвените“ доживеаа пораз со убедливи 0-3 на гостувањето кај Вулверхемптон, за четврти меч по ред во Премиерлигата без триумф и веќе безмалку загубени шанси за битката за место во ЛШ во идната сезона.

Дека на Ливерпул му се заканува катастрофа беа потребни 12 минути од стартот на мечот, откако Матип си даде автогол, а Досон ја дуплираше предноста, па на средина од вториот дел Рубен Невеш само ги дотолчи „црвените“ за убедливиот пораз.

Ливерпул остана на 29-те бода на десеттото место, а Вулфс избегаа од опасната зона со триумфот и сега имаат 20 на 15-та позиција.

Манчестер јунајтед се врати на победничкиот колосек, иако во завршните 15 минути се тресеа за триумфот против Киристал Палас, откако останаа со десетмина по исклучувањето на Касемиро, а Шлуп го врати лондонскиот тим во мечот со гол во 76-та минута.

Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд претходно дадоа по еден гол, кои на крај се покажаа доволни за три бода и 42 на контото на третата позиција, три зад Манчестер сити, а осум зад Арсенал кој загуби денеска од Евертон.

Астон Вила загуби од Лестер со 2-4, Брентфорд го збриша фенерџијата Саутемптон со 3-0, а минимално победи Брајтон против Бормут со 1-0

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Таравари до амбасадорите: Да ги засукаме ракавите и да им објавиме војна на партизацијата и корупцијата

Следно

Чавушоглу: Шведска намерно ја загрозува својата кандидатура за НАТО

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop