Лилард: Мислев дека Ембид треба да биде МВП, но Џокер е неверојатен

May 30, 2023
1 min read

Пред почетокот на главните возбудувања во плејофот, НБА соопшти дека МВП на регуларниот дел од сезоната е Џоел Ембид од редовите на Филаделфија, одлука со која според многумина му беше нанесена голема неправда на Никола Јокиќ.

Србинот беше спречен трет пат во низа да го добие најпрестижното индивидуално признание, а ако во текот на сезоната многумина беа на страна на Ембид, сега големите НБА ѕвезди почнаа да сфаќаат дека „Џокер“ е вистинскиот МВП.

Тоа го потенцираше е Демијан Лилард во последното обраќање кое го имаше во Америка, во кое потенцираше дека Јокиќ моментално е најдобар играч во лигата.

– Џокер најверојатно е најдобар играч во лигата. Мислев дека Ембид треба да биде МВП, но Џокер е неверојатен, најверојатно е најдобар во лигата. Тој е еден од оние играчи кои органски забележуваат трипл-дабли. Секој натпревар игра на исто ниво, постигнува 45 поени, има 25 скокови, а понекогаш и 18 асистенции.Едноставно не промашува шутеви, кога го гледате како игра, си велите дека нема да промаши. Навистина е многу паметен, знае да шутира, знае да додаде, се грижи за тимот и пред се е многу скромен, – вели Лилард.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повредени 25 припадници на КФОР во судирот со српските демонстранти во Звечан 

Следно

Ноќта на северот на Косово помина мирно, КФОР утрово распореден околу општинската зграда во Звечан

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop