Лажни волонтери закана за ОИ 2024 во Париз

April 27, 2023
1 min read

Еколошки активисти од француското здружението „Секаж 2024“ (Saccage 2024) планираат да го нарушат нормалниот тек на Олимписките игри кои идната година ќе се одржат во Париз, преку регрутирање лажни волонтери, обелодени еден од активистите.

„Волонтирањето би требало да биде за општо добро, а тоа не е случај со ОИ, тоа нема добротворни цели“, изјави активист на Saccage 2024, кој побара да остане анонимен.

Дваесетипетгодишниот еколошки активист, кој живее во Сент – Дени, каде треба да биде организиран дел од натпреварите на ОИ, планира „одвнатре“ да ги наруши Игрите, доколку биде избран за волонтер.

Според него, организацијата на ОИ во Париз негативно ќе влијае врз животната средина и ќе донесе корист само за големите компании и елитите, а не за локалното население.

Организаторите на ОИ 2024 претходно најавија дека сакаат да ангажираат 45.000 волонтери, а рокот за пријавување истекува на 3 мај.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Путин: „Туркије ќе биде една од земјите која поседува нуклеарна енергија, еден од најевтините извори во светот“

Следно

Ердоган: „Со испораката на нуклеарно гориво постројката Аккују доби статус на прва нуклеарна електрана во Туркије“

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop