Курти не гледа потрба од основање на Заедница на српски општини

1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти оценува дека нема потреба од основање на Заедница на српски општини во Косово, иако тоа е прв услов на Србија за продолжување на разговорите. Воедно, Курти вели дека германско-францускиот предлог е добра основа за преговори и финален договор помеѓу Белград и Приштина.

Курти вели дека е спремен за преговори за малцинските права, за малцинските заедници, но вели дека е многу важно сите оние кои сакаат да имаат поголеми права од она што моментално го дава планот на Ахтисари, треба истото да го аргументираат.

“Што би го дополнило планот на Ахтисари, кои се тие аргументи за неговите недостатоци? Аргументи мора да имаат сите оние кои бараат нешто друго или нешто повеќе”,

вели Курти.

За евентуалното враќање на Србите во косовските институции, премиерот вели дека не се согласува со моменталната ситуација и не сака сите оние кои ги напуштиле институциите да ги замени со Албанци.

” Мене ми е жал што поднесоа оставки, сметам дека тоа е погрешноо. Јас не ја исклучувам можноста да се вратат, но и не сум надлежен да одлучувам наместо професионалната комисија. Јасно велам дека немам намера тој вакум да го пополнам со Албанци. Ако Србите напуштиле, тогаш други Срби би требало да дојдат на нивните позиции.

кажа Курти.

Тој вели дека не се откажува од своето предизборно ветување дека приоритетно ќе работи на дијалогот со Србите на Косово, но вели дека во моментот не постои доверба меѓу двете страни.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Ќучук: Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да имаат добри односи

Следно

Димитриеска Кочоска: Владата манипулира со бројките, во која ставка од буџетот стои дека се исплатени 760 милиони евра како помош за граѓаните?

Latest from Blog