Ќучук: Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да имаат добри односи

1 min read

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Северна Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, изјави европратеникот Илхан Ќучук за „БТВ“.

Ќучук е категоричен дека мора да инсистираат во Северна Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.

– Се додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари, тензијата ќе продолжи, вели Ќучук.

Треба, додава Ќучук, да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не важи само за бугарската држава, туку и за Скопје. Треба да се најде решение за проблемите.

Посочува дека Бугарија е во Европската Унија веќе 17 години, а, како што вели, не може да се приклучи на блокот за важни теми, вклучително и за обезбедувањето на воена помош за Украина и за клучните реформи во ЕУ.

– Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот Парламент, вели Ќучук.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Борн: Нема преговори за старосната граница за пензионирање

Следно

Курти не гледа потрба од основање на Заедница на српски општини

Latest from Blog