Кремљ негира дека Русија гаѓала станбена зграда во Дњепар

January 16, 2023
1 min read

Кремљ денеска негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар, каде, според украинските власти, руска ракета убила најмалку 36 лица.

– Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз зградата“.

Според украинските власти, најмалку 36 лица, меѓу кои две деца, загинале во експлозијата на руска ракета што во саботата погоди зграда во Дњепар, а 35 лица сè уште се водат како исчезнати. Бројот на загинати денеска се искачи на 35, а потоа на 36, бидејќи спасувачките екипи пронајдоа тела под урнатините.

Коментирајќи ги најавите дека Западот ќе испрати тенкови во Украина, Кремљ денеска се закани дека ќе ги „запали“, особено оние што планираат да ги испратат Лондон и Варшава.

– Тие тенкови горат и ќе продолжат да горат, рече Песков на дневниот телефонски брифинг за новинарите.

Тој повтори дека Западот ја користи Украина за да постигне „антируски цели“ и дека Кремљ е решен да ги постигне „целите на специјална воена операција“, како што руските власти ја нарекуваат офанзивата против својот сосед.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина Џина Лолобриџида – најубавата жена на светот

Следно

Вонреден надзор во КПД Идризово

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop