Кралот на неблагодарните

June 9, 2023
1 min read

Планинарот Равичандар Тарумалингам е најден во озлогласената „смртна зона“ на Еверест, на околу 8.300 метри, каде освен што нема доволно кислород и температурите знаат да паднат на -5 степени Целзиусови.

Се работи за дел од стандардната рута до Еверест, а човекот бил откриен од Гелје Шерпа кој се качувал кон врвот со сосема друг клиент од Кина. Гелје го нашол Равичандар премрзнат, како се држи за едно од јажињата што се пуштени по рутата, без резерви на кислород и Шерпа или водичи околу себе.

Иако други тимови само го одминуваат Равичандар, Гелје успева да го убеди својот клиент да се откажат од искачувањето и да пробаат да го спасат планинарот. По ова следува потешкиот дел, Гелје го завиткува Равичандар во својот душек за спиење, го качува на грб и го симнува до 4-от камп каде на помош му доаѓаат и другите Шерпа водичи.

Се работи за висинска разлика од 580 метри (висинска разлика не вкупна должина на рутата) која Гелје ја симнува за некои си 6 часови со Равичандар врзан на грб, што за многумина е речиси невозможен подвиг.

Кога закрепнува Равичандар се враќа во Малезија каде со својата приказна стигнува и до националната телевизија. Кога за ТВ гостувањето објавува на Инстаграм, Равичандар се заблагодарува на осигурувањето за спасување (кое го прибрало од 4-от камп) и на партнерските организации. Во постот никаде не го споменува Гелје.

Откако и на други постови на кои промовира маици, им се заблагодарува на спонзори и слично, тој повторно не го споменува Гелје, луѓе почнуваат да товарат со хејт и вонредно негативни коментари.

Потоа му додаваат дека почнал и да ги брише негативните коментари на Твитер, како и тоа дека го имал блокирано Гелје на Инстаграм, кој пак го имаше објавено целото патешествие.

Најголемиот дел од критиките е дека Равичандар се фокусирал на помошта на Шерпите од 14 пикс експедишн, негова партнерска компанија, која стигнува до него само откако Гелје сам го симнува до кампот.

По притисокот на крај Равичандар јавно му се заблагодарува на Гелје како дел од Шерпите што помогнале во неговото спасување.

Инаку ова е 3-то качување на Равичандар на Монт Еверест. Во претходното во 2022 тој изгубил 8 прсти на рацете од мраз.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Европскиот совет: Атина мора да ги спроведе судските одлуки за заштита на турското малцинство

Следно

МЗ со појаснување: Странците за лекување ќе плаќаат исто како и македонските граѓани кои не се осигурани и плаќаат приватно

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop