МЗ со појаснување: Странците за лекување ќе плаќаат исто како и македонските граѓани кои не се осигурани и плаќаат приватно

1 min read

Од Здравство велат дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу македонските и странските државјани, туку изедначувањето е со приватните пациенти кои не се здравствено осигурени и кои за услугите плаќаат приватно

Изедначување на цените за користење здравствени услуги за домашните и странските државјани ќе има само со оние граѓани што се неосигурани и плаќаат приватно, информираат од Министерството за здравство.

Ова значи дека странците кои ги користат услугите во државните болници во земјава ќе плаќаат исти цени со македонските државјани кои немаат осигурување и плаќаат приватно.

„Тоа значи дека граѓаните кои плаќаат здравствено осигурување во никој случај нема да бидат на било каков начин во подредена состојба да им го плаќаат данокот на странците, државјаните секако партиципација ќе си плаќаат, односно ќе плаќаат поевтино. Ова и порано функционирало во некои државни клиники, а сега со ова се продолжува иницијативата и за во другите клиники“,

се вели во денешното соопштение од министерството како одговор на информациите кои излегоа во јавноста дека странците ќе плаќаат иста услуга со домашните здравствени осигуреници.

Од Министерството за здравство велат дека до сите универзитетски клиники и институти имаат испратено допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со македонските граѓаните на РСМ кои се неосигурани и плаќаат приватно.

Со оваа промена, како што велат од Здравство, на странските државјани се дава право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што се промовира јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава конкурентна на пазарот на трудот.

Појаснувањето со кое денеска излегоа од Министерството доаѓа откако вчера во јавноста одекна изјава на министерот Фатмир Меџити во која како што беше пренесено во дел од медиумите вели дека косовските граѓани во земјава ќе се лекуваат по исти цени како и македонските бидејќи „тие не се странци“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Кралот на неблагодарните

Следно

Борел: Сè укажува на тоа дека Русија стои зад рушењето на браната „Нова Каховка“

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за