„Ковачевски ја пофали средбата во Тирана, но не соопшти какви задачи доби на маса од Али Ахмети и Еди Рама“

January 12, 2023
1 min read

Ковачевски ги потврди нашите сомневања, средбата во Тирана е со цел спасување на неговата политичка кариера и кариерата на Али Ахмети, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера Димитар Ковачевски ја пофали средбата во Тирана, но не и соопшти на јавноста што се доби на маса за спас на владата. Јасно е дека средбата во Тирана не беше само за новогодишен ручек, туку за спас на владината коалиција на СДС и ДУИ. Дали Ковачевски треба да прифати нови национални предавства, или пак на маса му се ставени нови бизнис интереси на ДУИ? Нека се охрабри пиунот Димитар Ковачевски и нека каже што задачи доби од Али Ахмети и Еди Рама. Пиунот Ковачевски ќе прифати се што ќе му дадат, знаејќи дека неговиот рејтинг се движи во статистичка грешка и граѓаните секој ден се помалку и веруваат на оваа влада. Доколку СДС и ДУИ сметаат дека се што прават е за доброто на граѓаните, наместо средби во други држави, нека се охрабрат и нека закажат средба со граѓаните на предвремени парламентарни избори, велат од партијата.

Од таму додаваат дека само договор со граѓаните е за доброто на државата, ама после сите предавства и криминали кои ги направија, свесни се дека граѓаните ќе ги казнат за сите национални разнебитувања.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Блинкен: Ќе се обидеме да спречиме конкуренцијата со Кина да прерасне во конфликт

Следно

Голем пожар во Сплит

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop