Ковачевски и Донев зборувале и за санкционирање на секој што ќе ги наруши мирот и безбедноста на 4 февруари

1 min read

Во разговорот со бугарскиот технички премиер, а во контекст на претстојното чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, премиерот Ковачевски потенцирал дека оние поединци, без разлика дали се од Северна Македонија или Бугарија, кои ќе го нарушат мирот и безбедноста со своите активности ќе бидат соодветно санкционирани. На ист начин, додал премиерот, се очекува да постапи и бугарската страна

Откако прес-службата на бугарската влада информира за содржината на телефонскиот разговор кој денеска го оствариле македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев, со соопштение за телефонскиот разговор попладнево се огласија и од нашата Влада, од каде велат дека премиерите разговарале за актуелните теми во двете држави.

Во разговорот со бугарскиот технички премиер, а во контекст на претстојното чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, премиерот Ковачевски потенцирал дека оние поединци, без разлика дали се од Северна Македонија или Бугарија, кои ќе го нарушат мирот и безбедноста со своите активности ќе бидат соодветно санкционирани.

„Исто како што се очекува да постапи и бугарската страна“,

се додава во соопштението од владината прес-служба.

Во владиното соопштение се потврдува одлуката која ја донеле Ковачевски и Донев во врска со одбележувањето на 4 февруари, односно дека соодветните служби и од македонска и од бугарска страна се задолжени во заедничка координација да обезбедат чествувањето на помине во мирна атмосфера.

„Задолжено е Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во координација со соодветните служби во Република Бугарија да ги обезбедат сите услови за достоинствено чествување на овој голем ден“,

велат од Владата.

Претходно денеска, за телефонскиот разговор меѓу Ковачевски и Донев информираа од бугарската влада и соопштија дека во понеделник, на 30 јануари, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и претседателот на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), Пламен Тончев, ќе остварат работна средба со своите колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за обезбедување мирна и безбедна средина за прославата на 4 февруари.

Дополнително, информираа дека техничкиот премиер на Бугарија, Галаб Донев, во телефонскиот разговор повторно потсетил дека Софија очекува од Скопје да ги преземе неопходните активности за ставање крај на, како што се вели, говорот на омраза и злосторствата, како и за почитување на правата на македонските Бугари.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Ахмети: Уставните измени мора да се направат

Следно

Најмалку седум лица загинаа во пукање во синагога во Ерусалим

Latest from Blog