Костадиновска-Стојчевска од Давос: Ќе се зајакнува соработката во културата со Грција

January 15, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на маргините на Втората конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур Давос 2023“, оствари билатерална средба со генералната секретарка за современа култура при Министерството за култура и спорт на Република Грција, Елени Доундолуакис.

Има исклучителен простор за зајакнување на соработката во областа на културата помеѓу двете земји. Од особена важност е што голем чекор на овој план е веќе направен, но верувам дека допрва следи период на интензивни активности, рече на средбата министерката Костадиновска-Стојчевска.

Генералната секретарка за современа култура при Министерството за култура и спорт на Република Грција, Елени Доундолуакис истакна дека грчкото министерство, исто како и македонското ги следи насоките за интензивирање на односите во културата, посочувајќи дека во време на неизвесност особено е важно да се негуваат и зајакнуваат односите со соседните земји.

Соговорничките се согласија дека по потпишувањето на Преспанскиот договор значително се продлабочени односите во културата и дека потпишување на билатерален документ меѓу двете држави, ќе биде од особено значење за унапредување на соработката во овој сегмент. Воедно, тоа ќе овозможи размена на конкретни проекти и уметници, како и поголема комуникација меѓу институциите од двете држави.

На средбата беше потенцирано дека соработката во делот на културата е особено видлива меѓу музичките фестивали во двете земји, како и во блиската комуникација и активности на музеите за современа уметност, која веќе дава одлични резултати.

Во таа насока од страна на министерката за култура, Бисера Костадиновска -Стојчевска, на средбата беше изразен интерес за учество на нашата земја со културни содржини на манифестацијата „Елефсина – Европска престолнина на културата за 2023 година“.

Костадиновска-Стојчевска ја истакна и важноста на потпишаниот Меморандум за соработката меѓу Министерството за култура на Македонија и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, што резултираше со посета на експертска група од Република Грција и изработка на проект за заштита и конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново.

Оваа средба, министерката Костадиновска-Стојчевска, ја реализираше пред отворањето на Министерската конференција за култура, „Алијанса Баукултур Давос 2023“, која се одржува под мотото „Заедничко добро – споделена одговорност“, на која министерката, денеска и утре има свои обраќања.

На истата министрите за култура на земјите потписнички на Декларацијата од Давос 2018, како и од земјите набљудувачи на Советот на Европа, ќе се осврнат на влијанието на пазарот и на бизнисот во создавањето квалитетна животна средина, со културата како нејзин составен дел.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Шабан Салиу реизбран за лидер на Демокраски сили на Ромите, заедно до целта

Следно

Цените на нафтата скокнаа за повеќе од 8 отсто минатата недела

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop