Костадиновска-Стојчевска на средба со албанската министерка за култура, Маргарити, во Тирана пред вечерашната премиера на Битолски театар

May 10, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска престојува во еднодневна работна посета на Република Албанија, при што во Тирана ќе оствари средба со својата колешка, министерката за култура Елва Маргарити.

На средбата ќе стане збор за континуираната и интензивна билатерална соработка и координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион, како и за постапката за враќање на иконите што се незаконски изнесени од територијата на Република Македонија, а кои се наоѓаат во Република Албанија, за што беше потпишан договор меѓу двете држави. Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Албанија за враќање незаконски изнесени икони во земјата на потеклото е во собраниска постапка на донесување.

Министерките за култура ќе разговараат и за заедничките активности во рамките на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, формирана од Република Македонија, од Србија и од Албанија, со цел зацврстување, зголемување, проширување и олеснување на регионалната соработка, како и промоција на културната разновидност, меѓукултурниот дијалог и меѓусебното разбирање на трите земји.

Во вечерните часови, Костадиновска-Стојчевска и Маргарити ќе присуствуваат на претставата на Битолскиот театар што ќе биде изведена на сцената на Народниот театар во Тирана.

Гостувањето на претставата „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријанипо повеќе од 30 години, е прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија, овојпат реализирано со поддршка од Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана и директорот Златко Ориѓански.

Во претставата на режисерот Кендрим Ријани, асистент на режија е Јован Ристовски, драматург е Билјана Крајчевска, а сценограф е Валентин Светозарев. Костимографијата е на Благој Мицевски, а композитор на музиката е Тимор Доми.

Во претставата настапуваат актерите: Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска- Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЗАЕДНО ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ДВЕ ИЗДАНИЈА НА БИЕНАЛЕТО НА МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТУРА – БИМАС 2023, ОБЈАВЕН ПОВИКОТ ЗА УЧЕСТВО

Следно

Од тетовскиот грав до врвот на швајцарската кардиохирургија

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop