ЗАЕДНО ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ДВЕ ИЗДАНИЈА НА БИЕНАЛЕТО НА МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТУРА – БИМАС 2023, ОБЈАВЕН ПОВИКОТ ЗА УЧЕСТВО

May 10, 2023
1 min read

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) го отвори повикот за учество на Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2023 и соопшти дека од 14 до 30 септември ќе се одржат интегрално две изданија – 20-то, кое не се одржа во 2020 поради ковид пандемијата, и 21-то.

Биеналето ќе се одржи во Националната Галерија-Мала Станица и во Музејот на современа уметност во Скопје, а ќе бидат изложени проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020 и од 2021 до 2023.

Право на учество во БИМАС 2023 имаат архитекти, македонски државјани и правни лица‐компании, кои учествуваат со дела на архитекти македонски државјани. Вон конкуренција можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела проектирани и изведени на територијата на Македонија. Рок за пријавување на трудовите е до 7 јуни, a пријавен лист и упатство за подготовка на пријавата може да се добие на електронска пошта: [email protected] или на www.facebook.com/arhitekti.mk.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

15 починати при превртување на брод во Нигерија

Следно

Костадиновска-Стојчевска на средба со албанската министерка за култура, Маргарити, во Тирана пред вечерашната премиера на Битолски театар

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop