Комисија за употреба на имиња на личности даде негативна оцена за името на бугарскиот клуб во Битола ,,Иван Михајлов“: Тоа е провокација

2 mins read

Рокот до кој бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ од Битола и „Цар Борис Трети“ од Охрид требаше да поднесат барање до Централниот регистар за смена на имињата на клубовите, согласно измените во Законот за фондации и здруженија, истече на 16 февруари. Како што информираа тогаш од Централниот регистар, такво барање поднел само бугарскиот клуб во Охрид, но не и оној во Битола

Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен центар ,,Иван Михајлов“ – Битола. Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата, информираат од Министерството за правда.

„Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението ‘Иван Михајлов’ е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество“,

се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Комисијата заседаваше во полн состав, додаваат оттаму. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф. д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски, кустос-историчар во Министерството за култура.

Рокот до кој бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ од Битола и „Цар Борис Трети“ од Охрид требаше да поднесат барање до Централниот регистар за смена на имињата на клубовите, согласно измените во Законот за фондации и здруженија, истече на 16 февруари. Како што информираа тогаш од Централниот регистар, такво барање поднел само бугарскиот клуб во Охрид, но не и оној во Битола.

Собранието на почетокот на ноември минатата година ги усвои измените на Законот за здруженија и фондации според кои се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл.

Без ниту еден глас против, пратениците ги изгласаа измените на законите за здруженија и за политички партии

Законот за здруженија и фондации предвидува дека одобрение за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер.

Законските измени имаат и ретроактивно значење, односно предвидуваат дека сите досега формирани организации, здруженија, фондации, сојузи итн. имаат рок од три месеци да го усогласат своето име или назив согласно законските прописи.

Чернева: Грешките на Бугарија се во имињата на културните клубови во Охрид и во Битола – нивната улога е да ја провоцираат другата страна

Согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации, од Централен регистар информираа дека до Министерството за правда доставиле список со 17 000 здруженија за кои комисијата треба да се изјасни за спорните имиња на некои од здруженијата и понатаму да даде позитивно или негативно мислење, по што министерот за правда ќе донесе решение дали тоа здружение ќе треба да се згасне, односно да се избрише или да продолжи со својата работа.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Болничка храна доби престижно кулинарско признание

Следно

Ердоган: „Туркискиот свет беше меѓу првите што помогнаа по смртоносните земјотреси во Туркије“

Latest from Blog