Командирот на штипските пожарникари во Турција: Глетката е страшна, во една зграда има околу 150 до 180 затрупани тела

February 11, 2023
1 min read

Вториот македонски конвој составен од спасувачи пожарникари од неколку општини и тим од Дирекцијата за заштита и спасување, веќе втори ден трагаат по живи луѓе, но и извлекуваат и починати од урнатините во зградите во градот Адијаман во Турција, вели во телефонски разговор за МИА, командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев.

-Моментално работиме во три разрушени објекти, акцијата се одвива комплетно со целиот македонски тим, со помош на турските пожарникари. Од раните утрински часови, па се до ноќта сме во акција за извлекување на затрупаните тела од урнатите објекти, изјави Коцев.

Прашан дали постои барем мала надеж дека и денеска ќе пронајдат живи луѓе под урнатините, Коцев вели дека македонскиот тим синоќа спасил една жена.

-Жената е на 35 или 37 години возраст, а денеска за жал до овој момент извлекуваме мртви тела од рушевините. Глетката е страшна на затрупаните тела, овде се нивни пријатели, роднини, семејства кои oчекуваат да се извади телата на блиските. Градбите во кои работиме се огромни, во една зграда има околу 150 до 180 затрупани тела, какошто кажаа овде властите, вели Коцев.

Посочува дека секој пожарникар спасител се надева дека и по толку дена од земјотресот ќе најдат некој живот под урнатите згради и ќе го спасат.

-Имаме ние уште надеж, се работи прецизно, полека, за да не се повредат некои и се надеваме дека ќе спасиме уште некој човек, рече Коцев за МИА.

Во телефонскиот разговор за МИА посочува дека македонскиот спасувачки тим се сместени во шатори, во еден парк.

-На безбедно сме, обезбедени сме со храна и вода и сега за сега е добро, рече Коцев.

Тој истакна дека ова е најкастрофалниот земјотрес, градот Адијаман, кој има од 300.000 до 400.000 жители е разрушен, а какошто вели Коцев на сите страни има урнати објекти, домови, патишта.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

АПСЕЊА ВО ТУРЦИЈА: Приведени 12 лица поради уривање на зградите, меѓу нив има изведувачи

Следно

Двегодишната Асја спасена од урнатините 122 часа по земјотресите

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop