Двегодишната Асја спасена од урнатините 122 часа по земјотресите

February 11, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Двегодишно девојче е спасено од урнатините на зграда во градот Антакиjа, во турската областа Хатај, дури 122 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги потресоа јужните подрачја на Туркије, известува Анадолу.

Спасувачките екипи во трка со времето ги продолжуваат акциите за претрага и спасување во регионите погодени од земјотресите.

Припадниците на спасувачката единица од турскиот град Мугла утрово слушнаа гласови под урнатините во улицата Ѓунеш во Антакија и веднаш започнале со акцијата за спасување.

Вложувајќи големи напори, од урнатините е спасено двегодишното девојче Асја, кое потоа со возило на итната помош е префрлено во болница.

Најмалку 20.665 лица загинаа, а 80.088 се спасени по двата силни земјотреси што во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије.

АФАД информираше дека по двата разорни земјотреси со епицентри во турската област Кахраманмараш забележани се 1.666 последователни земјотреси.

Од подрачјето погодено од земјотресите во други делови на Туркије се евакуирани 86.754 лица.

– Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат во акциите за претрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите.

Во земјотресите што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 3.300 лица, а над 5.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Командирот на штипските пожарникари во Турција: Глетката е страшна, во една зграда има околу 150 до 180 затрупани тела

Следно

По 35 години се отвора граничен премин меѓу Турција-Ерменија за достава на хуманитарна помош

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop