КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ? Шведски медиуми тврдат дека Андреј Пленковиќ е сериозен кандидат за шеф на НАТО

April 7, 2023
1 min read

Мандатот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истекува на 30 септември годинава, а се очекува името на неговиот наследник да биде познато до самитот на НАТО на 11 и 12 јули.

Шведските весници Афтонбладет и Дагбладет пишуваат дека земјите од Источна и Централна Европа долго време се чувствуваат запоставени во распределбата на клучните позиции во Европската Унија и НАТО.

Медиумите посочуваат дека сега се отвора простор за актуелниот романски претседател Клаус Јоханис, естонската премиерка Каја Калас и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Но, мандатот на романскиот претседател истекува дури во ноември 2024 година, а Калас се смета за премногу непријателски расположена кон Русија, што го става Пленковиќ во позиција на фаворит доколку се бара следниот генерален секретар од овој дел од Европа, пренесува 24sata.hr.

Шведската јавност и досега го сметаше Пленковиќ за еден од лидерите на Европската народна партија и влијателна личност во Европската Унија.

Шведските медиуми понатаму шпекулираат дека за првпат во историјата можеби раководството на НАТО би можело да го преземе жена, но сите тројца споменати кандидати имаат одредени пречки и недостатоци. Пред една година како наследничка на Столтенберг се споменуваше поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Додик: Република Српска ќе стане независна држава, со БиХ не може да бидеме дел од „Отворен Балкан“

Следно

Герапетритис: Пред или по Велигден ќе биде готов извештајот на експертската комисија за железничката несреќа

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop