Герапетритис: Пред или по Велигден ќе биде готов извештајот на експертската комисија за железничката несреќа

1 min read

Извештајот на надлежната експертска комисија за железниката несреќа кај месноста Темпи се очекува да биде завршен или до Велигден или седмицата по празникот, соопштил денеска државниот министер во функција на министер за транспорт и инфраструктура на Грција Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежниот министер го презентирал и новиот дигитален систем за контрола на железичкиот сообраќај, објаснувајќи дека од јуни ќе почне постепено да се воведува во различни делови на земјата за до почетокот на октомври да биде целосно функционален во целата железничка мрежа во Грција.

Железничката несреќа кај Темпи се случи кусо пред полноќ на 28 февруари, при директен судир на товарен и патнички воз, а животот го загубија 57 лица.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ? Шведски медиуми тврдат дека Андреј Пленковиќ е сериозен кандидат за шеф на НАТО

Следно

Драма во Ѓорче Петров: Малолетник ја истепал баба му, па со нож се заканувал на татко му

Latest from Blog