Клубот „Цар Борис Трети“ од Охрид поднел барање за смена на името, но не и „Ванчо Михајлов“ од Битола

February 15, 2023
1 min read

„360 степени“ се обиде да стапи во контакт со претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Томе Блажевски, со цел да дознаеме кое ќе биде новото име на клубот, но неуспешно

Бугарското здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид поднело барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените на Законот за здруженија и фондации. Од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ од Битола, пак, на еден ден пред истекот на рокот сè уште немаат доставено барање за измени.

„До Централен регистар на 10.02.2023 година е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид со измените и дополнувањето на Законот за здруженија и фондации. Постапката по барањето сè уште e во тек. За здружението „Ванчо Михајлов“ од Битола не е поднесено барање“,

информираат од Централен регистар.

„360 степени“ се обиде да стапи во контакт со претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Томе Блажевски, со цел да дознаеме кое ќе биде новото име на клубот, но неуспешно.

Собранието на почетокот на ноември минатата година ги усвои измените на Законот за здруженија и фондации според кои се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл.

Законот за здруженија и фондации предвидува дека одобрение за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер.

Законските измени имаат и ретроактивно значење, односно предвидуваат дека сите досега формирани организации, здруженија, фондации, сојузи итн. имаат рок од три месеци да го усогласат своето име или назив согласно законските прописи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на организации на бугарската заедница во Северна Македонија. Трендафилов и Георгиевски од Османи побарале заедно со него да се обидат да посредуваат во смирување на тензиите на релација Скопје-Софија, зашто според нив во ваква експлозивна атмосфера е невозможно да се носат квалитетни и рационални политички решенија.

„На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор“,

информираа од МНР.

Како што изјави Трендафилов по средбата, со Османи не разговарале за менување на имињата на двата бугарски клуба во земјава. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турција пушти 113 налози за апсење на турски градежници

Следно

Мајка со две деца спасена од под урнатините 228 часа по земјотресот во Туркије

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop