Клоп: Среќен сум што играме со Реал во моментот

1 min read

На прес-конференцијата во пресрет на мечот со Реал Мадрид, предводникот Јирген Клоп имаше комплименти за Реал Мадрид и Карло Анчелоти.

„Потребно ни е да одиграме две супер средби за да минеме понатаму. на Реал не му е потребно да игра специјално, бидејќи секогаш има шанса. Среќен сум што ќе играме таков натпревар сега, а не пред неколку седмици. Очекувам „Енфилд“ да биде на нозе. Анчелоти е најмирниот менаџер кој сум го запознал. Препаметен е, неговото менаџирање е на друго ниво. Реал има светска класа тим. Не е потребно присеќање на финалето од Париз за ова да биде специјален натпревар. Го загубивме мечот, па сакаме да ги исправиме работите“, изјави Клоп.

Ливерпул и Реал ќе играат во вторник во терминот од 21:00 часот.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Сончево и топло време, температури до 22 степени

Следно

Бајден ќе одржи говор во Варшава, еден ден по неговата посета на Киев

Latest from Blog