Клоп по дебаклот со Вулс: Немам објаснување, немам зборови

February 4, 2023
1 min read

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е разочаран по денешниот пораз од Вулверхемптон со 3:0 во натпревар од 22. коло во Премиер лигата.

-Очигледно, почетокот беше ужасен. Примивме два гола, кои не требаше да ги дозволиме. Но, тоа се случи. Требаше подобро да се браниме. Нашиот тим беше пасивен во овој сегмент. Не можам да објаснам. Нема оправдување за ова. По 0:2 успеавме малку да ја контролираме ситуацијата. Потоа околу 45 минути игравме добро, но не постигнавме гол. Тука сè заврши. Се работи за концентрација во првите 15 минути. Повторно, не можам да објаснам. Но, такви 15 минути не треба да се дозволат. Треба да го промениме ова. Првите 15 минути не можам да ги објаснам, извинете. Кога ќе почнеш така, не заслужуваш ништо во натпревар во Премиер лигата. Во моментов сум толку разочаран и лут поради првите 15 минути што не можам да најдам зборови. Волците заслужија три бода, изјави Клоп.

По 20 кола Ливерпул има 29 бода и во моментов е на 10. место во премиерлигашкиот поредок. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПУКНА ТИКВАТА: Бугарското МНР ја искара македонската Влада, го понижила бугарскиот народ и нивната држава

Следно

Остро интонирана реакција од Софија до Скопје: Понижувачи однос кон бугарскиот народ и Бугарија

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop