Ќерка ми се тресеше од страв и врескаше: Мајката раскажа што се случило со дефектологот во Скопје

March 24, 2023
1 min read

Дефектолог, кој бил приватно ангажиран да држи часови на малолетно девојче, е пријавен за физички напад пред неколку дена во полиција.

– На 19.03.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје, Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од Е.С.(36) – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка. Со неа бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира МВР.

Мајката на девојчето, Трајанка за „Република“ кажа дека долго време забележувала дека ќерка ѝ покажува страв кога треба да се оди на дефектолог, но не можеле да претпостават што се случува.

-Детево во последните две недели врескаше и се тресеше од неа кога ќе заѕвони ѕвонче. Кога и да ѝ кажев дека доаѓа Е.С. да работи, ќерка ми почнуваше да плаче. По последниот час кој го имаа, забележав дека ќерка ми има црвени уши. Се јавивме и прашавме што се случило, а таа ни кажа да провериме да не станува збор за здравствен проблем. Мојот сопруг ѝ кажа да признае што се случило, а ние ќе ѝ простиме. Таа рече дека ќе дојде да му се извини на детето ако му е полесно, по што ја пријавивме во полиција“, открива мајката за „Република“.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туберкулозата, најсмртоносна заразна болест во светот во 2021 година по Ковид-19

Следно

Медведев: Ако Киев се обиде да го врати Крим, Русија е подготвена да го употреби апсолутно секое оружје

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop