Кишида: Приоритет на Јапонија е развивање на армијата

January 23, 2023
1 min read

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека земјата се соочува со најтешката безбедносна средина во регионот од крајот на Втората светска војна и вети дека ќе ја развива војската според неодамна усвоената безбедносна стратегија за следните пет години.

Во декември, Владата на Кишида ги усвои клучните безбедносни и одбранбени реформи, вклучително и за контранапад, што претставува отстапување од повоената политика на самоодбрана на земјата.

Во говорот за владината политика на почетокот на овогодишната собраниска седница, Кишида наведе дека приоритет треба да ѝ се даде на активната дипломатија, но дека за тоа „потребни се одбранбените сили кои ќе ја поддржат“.

Според Кишида новата безбедносна стратегија на Јапонија се заснова на „реалистична симулација“, а целта на новата стратегија е да се контролираат растечките територијални амбиции на Кина.

Кишида рече дека тоа е „драстичен пресврт“ во јапонската безбедносна политика, но дека и понатаму останува во рамките на пацифистичкиот Устав на земјата и меѓународното право. Тој додаде дека нема да има промени во безбедносните принципи на Јапонија против нуклеарното оружје, за самоодбрана и мирољубива политика на земјата.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руска тајна служба: Оружјето од Западот, Украина го чува во нуклеарните централи

Следно

Пендаровски на иста маса со Зарко Милошевски од АНБ – ќе му бара ли одговорност за скандалот Онишченко?

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop