Кинескиот МНР се сретна со лидерот на воената хунта во Мјанмар, првпат по државниот удар

1 min read

Министерството за надворешни работи на Кина, кое ја најави посетата, сè уште нема коментар. Според хунтата, Чин Ганг треба да биде во посета на Мјанмар до четврток

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска во Јангон се сретна со лидерот на воената хунта на Мјанмар Мин Аунг Хлаинг. Ова е нивна прва средба по државниот удар во февруари 2021 година што го турна Мјанмар во длабока криза.

Прес-службата на воената хунта соопшти дека Чин Ганг на средбата рекол дека Кина стои со Мјанмар на меѓународната сцена.

Министерството за надворешни работи на Кина, кое ја најави посетата, сè уште нема коментар. Според хунтата, Чин Ганг треба да биде во посета на Мјанмар до четврток.

„Тие разговараа за дипломатските односи, пријателската соработка, ситуацијата во Мјанмар, трговијата, инвестициите и размената во областа на енергетиката и електричната енергија“,

се додава во соопштението на хунтата.

Чин Ганг се сретна и со министерот за надворешни работи на Мјанмар Тан Сви, а во текот на денот ја посети границата меѓу двете земји повикувајќи на пријателство и соработка меѓу двата народа.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Вучиќ по средбата во Брисел: Денеска првпат удривме во ѕид, Приштина не сака да ја исполни обврската за формирање на ЗСО

Следно

Администрацијата на Бајден ќе распореди 1 500 војници на границата со Мексико

Latest from Blog