Кенија: Камион прегази пешаци, загинаа 10 лица

April 9, 2023
1 min read

НАЈРОБИ (АА) – Вчера возач на камион што превезувал вреќи со ориз ја изгубил контролата над возилото и удрил во пешаци и автомобили во југозападниот дел на Кенија, при што животот го загубија најмалку 10 лица, пренесува Анадолу.

Камионот натоварен со ориз, што наводно возел по удолница, не закочил и налетал на пешаци и неколку автомобили во градот Мигори, тврдат очевидци.

Полицијата соопшти дека најмалку 10 лица ги загубија животите во несреќата, додека повеќе од 10 лица итно се префрлени во болница во округот Мигори.

Командантот на округот Мигори, Марк Ванџала, потврди дека 10 луѓе ги загубиле животите, изразувајќи загриженост дека е можно бројката да се зголеми, поради преживеаните кои се потешко повредени.

Инцидентот предизвика застој во сообраќајот, а властите и службата на итната помош се бореле да го расчистат местото на несреќата и да ги згрижат повредените.

Се претпоставува дека причина за несреќата е откажување на кочниците, а власта започна истрага во врска со настанот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Првиот турски сателит со висока резолуција ќе биде лансиран на 11 април

Следно

Ново детско игралиште и низа инвестиции и проекти во Лисиче

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop