Казни за 156 возачи во Скопје: Низ градот се вози брзо и без возачка дозвола

1 min read

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

Како што соопшти МВР, на територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за возач почетник…

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Се вратија деведесеттите, мафијашки убиства на улиците, само Спасовски мува не го лази, дали зад ова има политички контекст меѓу криминализираните ДУИ, СДС

Следно

Азиските берзи благо пораснаа, доларот ослабе

Latest from Blog