Катарскиот емир ја повика меѓународната заедница да им помогне на Туркије и Сирија по земјотресот

March 5, 2023
1 min read

ДОХА (АА) – Емирот на Катар денес ја повика меѓународната заедница да им помогне на Туркије и Сирија да го надминат разорувањето што го оставија зад себе земјотресите од 6 февруари, јавува Анадолу.

Говорејќи на пленарната сесија на отворањето на 5. Конференција на Обединетите нации (ОН) за најмалку развиените земји (LDC5), шеик Тамим бин Хамад ал Тани рече: „Ве повикувам сите да ги поддржите напорите на Туркије за надминување на последиците од оваа катастрофа.“

Нагласувајќи ја солидарноста со населението на Туркије и Сирија, Ал Тани рече: „Нашата средба се одржува додека нашите браќа и сестри во Туркије и Сирија продолжуваат да ги чувствуваат последиците од разорниот земјотрес што ги погоди.“

„Јас би сакал да ја потврдам потребата за пружање помош без двоумење на нашиот братски сириски народ“, нагласи Ал Тани и додаде:

„Јас сум збунет од доцнењето на помошта за овие луѓе и нагласувам дека е погрешно да се злоупотребува хуманитарната трагедија за политички цели.“

Инаку, Катар е домаќин на Петтата конференција за најмалку развиените земји што се одржува во Доха од 5 до 19 март.

Во земјотресите што ја погодија Туркије загинаа над 45.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Димовски: Дојавувачите на бомби стануваат дрски бидејќи не можеме да ги откриемe

Следно

Продолжија масовните протести во Грција по железничката несреќа што однесе 57 човечки животи

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop