Димовски: Дојавувачите на бомби стануваат дрски бидејќи не можеме да ги откриемe

March 5, 2023
1 min read

Навистина ова е голем проблем, за жал, ние се уште го немаме изнајдено соодветниот модалитет и затоа се уште имаме дојави. Затоа што не сме го нашле модалитетот, интензитетот на дојавите за бомби расте, вели во интервју за Радио Слободна Европа професорот од Факултетот за безбедност, Злате Димовски.

Тој вели дека дојавувачите стануваат дрски бидејќи не можат да бидат откриени, па затоа пред скоро време имаше и дојава за бомба во претседателската резиденција која е високо обезбедена. Тие се охрабрени од тоа што не можат да бидат најдени и што не можат да бидат спречени од нивните намери, па затоа секојдневните дојави за бомби во училиштата и институциите продолжуваат со ист интензитет.

Дојави за бомби имаше и во регионот, а професорот Димовски вели дека најверојатно тамошните власти изнашле модалитети и преку провајдерите успеале да ги попречат овие дојави.

Очигледно дека ќе мора на државно ниво да се реагира и да се побара нивно искуство, нивно знаење и вештини, коишто тие ги применија во тој контекст, за да се добијат такви податоци како да се постапи и нормално истиот тој модалитет да се примени и кај нас, затоа што го имаме речиси истиот начин на дојави за поставени бомби – вели Димовски за РСЕ.

На новинарско прашање дали е добра практитката која навидум се користи во Србија, односно неинформирањето на јавноста доколку има бомби е добар пристап, професорот вели дека е добар, но би било надвор од разумот тоа да се прави кај нас, кога тоа се случува кај популацијата која најмногу нè засега.

Овој принцип е добар, меѓутоа навистина би било надвор од разумот да го правиме тоа, кога на очиглед имаме дека тоа се случува пред нас. Се случува кај нашите деца и во одредени јавни институции, и да јавиме и да не јавиме, најголемиот дел од граѓаните повторно ќе дознаат. Целта на оние што го прават ова е фактички добивање на повеќе гласност, таа фама да се шири, и едноставно да го постигнат тој ефект на страв. Постигнат е тој ефект на страв и тие се охрабрени – вели Димовски.

Дојавувачите едноставно сакаат ширење на тие гласини, а тие гласини веќе длабоко продираат во нашата свест и со тоа постигнуваат одреден негативен психолошки ефект кај нас, заклучува професорот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина деветмесечното бебе со туберкулоза кое во тешка состојба беше донесено на Детската клиника

Следно

Катарскиот емир ја повика меѓународната заедница да им помогне на Туркије и Сирија по земјотресот

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop