Канада им забрани на државните службеници да користат TикТок на официјалните мобилни телефони

February 27, 2023
1 min read

Одлуката на Отава доаѓа неколку дена откако Европската комисија воведе слична забрана и е знак на зголемена загриженост поради кинеската апликација за социјални медиуми за која се верува дека е блиска до владејачката Комунистичка партија и собира податоци за корисници ширум светот

Канада денеска ја блокираше кинеската апликација за социјални медиуми TикТок од уредите на владините службеници, нагласувајќи дека претставува „неприфатлив“ ризик за приватноста и безбедноста.

Канада им оневозможи на федералните вработени да ја преземат апликацијата, се вели во соопштението на секретаријатот на канадското Министерство за финансии.

Во него се наведува дека методите со кои TикТок собира податоци овозможуваат значителен пристап до содржината на телефонот.

TикТок соопшти дека е разочаран од одлуката на Канада, која е донесена „без наведување на какви било конкретни безбедносни грижи“.

Кинеската компанија додаде дека не била контактирана од канадските власти за „да разговараат за какви било прашања пред да донесат одлука“, напиша нејзиниот портпарол.

Одлуката на Отава доаѓа неколку дена откако Европската комисија воведе слична забрана и е знак на зголемена загриженост поради кинеската апликација за социјални медиуми за која се верува дека е блиска до владејачката Комунистичка партија и собира податоци за корисници ширум светот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скалони ќе ја води Аргентина до 2026 година!

Следно

Собранието ги избра Кренар Лога, Фатмир Меџити, Азир Алиу и Каја Шукова за нови министри

Latest from Blog

Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Во академската 2024/2025 година на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2.3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

„Опасниот момак“ од филмовите на Тарантино: Улогите по кои ќе го паметиме Мајкл Мадсен

Мајкл Мадсен, познатиот американски актер најпознат по своите улоги во филмовите на Квентин Тарантино, почина на 68-годишна возраст поради срцев удар. Смртта на актерот ја потврди неговиот менаџер Рон Смит, а Мадсен

Сиљановска Давкова: Никаде не пишува до кога мора да се направат уставните измени

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не
Go toTop