Како ЦИА го шпионирала Асанж: Американците биле чекор пред основачот на Викиликс

April 3, 2023
1 min read

ЦИА ја користела приватната шпанска безбедносна компанија „УЦ Глобал“ за тајно да инсталира микрофони внатре во еквадорската амбасада во Лондон со цел да го прислушува основачот на Викиликс Џулијан Асанж, известува „Pais“.

„УЦ Глобал“ бил ангажиран во рамките на обезбедување на амбасадата.

Асанж, на кого Еквадор му даде азил, престојуваше во дипломатскиот комплекс од 2012-та до 2019-та година, пред британската полиција насилно да го изведе.

„Pais“ прв пат пријави за наводните врски на шпанската компанија со американските разузнавачки служби уште во 2019-та година.

Како што наведува весникот, основачот и директор на „УЦ Глобал“ Давид Моралес прв пат стапил во контакт со ЦИА во 2017-та година.

Моралес во тоа време ги известил вработените дека компанијата ќе мора на новиот американски клиент по име „Икс“ да му обезбеди пристап до серверот кој собира податоци од амбасадата на Еквадор во Лондон, која е наречена „хотел“.

„Што се однесува до работата на хотелот, би сакал да ги понудам нашите можности за собирање на информации и анализи на американскиот клиент. Мораме да се обидеме да ги направиме попривлечни и полесни за толкување“, напишал Моралес во мејл во септември 2017-та година.

Информациите наводно го вклучувале профилот на посетителите на Асанж, вклучувајќи адвокати и дипломати, како и податоци од мобилни телефони. Моралес во пораката рекол дека операцијата ја контролираат „пријатели од Америка“.

Еден од микрофоните кои тимот на Моралес тајно го поставил во амбасадата бил скриен во подножјето на апаратот за гаснење на пожар, наведува „Pais“.

Налепниците биле прицврстени на аглите од прозорците за да се избегнат вибрации и да се овозможи снимање на звук преку ласерски микрофони.

„Знам дека тоа е од најголем интерес и дека САД тоа сакаат да го направат“, им напишал наводно Моралес на своите вработени.

Како што открива „Pais“, активностите кои ги спровел „УЦ Глобал“ му помогнале на Вашингтон да го осуетат планот Асанж да се искраде од амбасадата во декември во 2017-та година.

Тогашниот претседател на Еквадор Ленјин Морено наводно сакал на основачот на Викиликс да му додели еквадорско државјанство и да го изнесе од Британија во дипломатски автомобил.

Тимот на Моралес наводно го снимил разговорот меѓу Асанж и еквадорските службеници, а потоа брзо го пратил во САД. Вашингтон одговорил со издавање на налог за апсење на Асанж, што очигледно ги навело организаторите да се откажат од планот.

Шпанските власти во 2019-та година отвориле истрага за компанијата на Моралес и накратко го притвориле. Од тогаш е ослободен со кауција.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руски истражители: Агентите на Навални и Украинците стојат зад убиството на блогерот Татарски

Следно

Вучиќ: Никогаш нема да ме победат, на моите противници им е заматен мозокот, тоа е патолошка омраза

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop