Кабинетот на Пендаровски се огласи по заканите на Џамбаски, МНР ќе се обрати до Европскиот парламент

January 25, 2023
1 min read

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски не ја коментира денешната изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во која го потсетува Пендаровски како завршиле во минатото сите оние кои се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО.

Oд Кабинетот на претседателот Пендаровски посочија дека ставовите на претседателот биле дадени по седницата на Советот за безбедност и дека сега надлежностите се кај Владата.

– Во однос на прашањата, немаме дополнителен коментар. Ставовите на претседателот Пендаровски беа дадени по седницата на Советот за безбедност. За понатамошни чекори, надлежностите се кај Владата на Република Северна Македонија, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот за МИА.

По Советот за безбедност што се одржа во понеделникот, претседателот Пендаровски во изјава за медиумите рече дека СБ и предлага на Владата да забрани влез во земјава на еден европратеник и на неколку други лица, поради сомнение дека дел од овие лица се поврзани со руската разунавачка служба. Тој рече дека на 4. февруари кога се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се очекува во земјава да пристигне организирана група од Бугарија со цел нарушување на безбедноста и дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија.

Бугарскиот европратеник Џамбаски денеска преку социјалните мрежи индиректно упати закани до претседателот Пендаровски.

– Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа, напиша Џамбаски.

И МНР со реакција

Вечерва реагираше и македонското Министерство за надворешни работи кое ги осуди ваквите изјави и најави дека по дипломатски пат ќе го извести и бугарското Министерство за надворешни работи.

– Во овој случај, Министерството ќе препорача и на претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од претседателот на Европскиот парламент. Заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава, стои во реакцијата од македонското МНР.

Владата ја префрли топката на МВР за тоа зошто нема забрана за влез во Македонија

Владата на вчерашната седница не донесе одлука за прогласување на Ангел Џамбаски и уште четири други лица за персона нон грата. Премиерот Димитар Ковачевски не одговори зошто не е донесена одлука, туку надлежностите за ова ги префрли на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

И Спасовски не одговори дали на 4 февруари на прославата на 151 година од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев ќе му забрани влез на Џамбаски кој веќе најави дека ќе дојде на одбележувањето на овој ден.

-Ќе одлучиме на 4 февруари, порача Оливер Спасовски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден: Поддршката на Украина е „обврска на светот“

Следно

Македонија ќе загуби пристап до Креативна Европа, ако до 31 мај не се усогласи со Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги

Latest from Blog

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана со честитка по повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден

Среќен Воскресението Христово – Велигден Христос Восресна! Навистина Воскресна! Почитувани Православни верниците во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита Воскресението Христово – Велигден со желба да го славите во текот

Би-Би-Си за преговорите: “АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ УСПЕЈАА ДА ЈА СТЕКНАТ НАШАТА ДОВЕРБА“

Фактот дека разговорите во саботата завршија без никаков напредок од двете страни ќе ги поттикне стравувањата од продолжување на војната, и кај многумина во Иран и кај јужните соседи на Иран, пишува

Велигденска порака од Прoданоски: Светлината и верата се посилни од сè

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод најголемиот христијански празник – Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Велигден е симбол на најдлабоката вистина дека животот секогаш
Go toTop